Публиката во 20 часот ќе може да го погледне „Мег Грабливецот од длабочините“, во 22 часот ќе игра научно – фантастичниот трилер „Мрачни умови“, a премиерно ќе бидат прикажани „Луис и вонземјаните“ и „Моето куче Патрик“. Додека само во сабота и недела во 11 часот ќе се прикажува „Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат“.

Средствата за промена на платното се обезбедени од Град Скопје со цел на посетителите на кино „Милениум“ да им се овозможи значително поквалитетно кино искуство. Од утре во ударниот термин ќе игра „Мег: Грабливецот од длабочините“ со Џејсон Статам. Во филмот се зборува за професионалниот нуркач Џонас Тејлор кој откако ќе избегне напад од голема ајкула , мора повторно да се соочи со своите стравови кога е повикан да спаси луѓе заробени во онеспособена подморница.

Анимираниот филм „Луис и вонземјаните” во работните денови ќе се прикажува во 15 часот, а за викендите во 13.30. Се зборува за едно 11-годишно момче кое се спријателува со три мали вонземјани чие НЛО се урива врз неговата куќа. Филмот „Моето куче Патрик“ е наменет за целото семејство и ќе игра секој ден во 17.30 часот. Сара е млада жена чиј живот е во хаос. Последното нешто што ѝ е потребно е да се грижи за некој друг. Но, нејзината баба ѝ остава размазено куче. Сигурно има причина зошто …

Научно-фантастичниот трилер „Мрачни умови“ од утре ќе биде на репертоарот во 22 часот во кино „Милениум“ во Скопје. Во филмот играат: Бредли Витфорд, Менди Мур и Амандла Стенберг. Кога тинејџерите мистериозно ќе почнат да развиваат моќни способности, владата почнува да ги гледа како закана и решава да ги собере во кампови. Шестнаесетгодишната Руби успева да побегне и заедно со други деца се обидуваат да најдат засолниште. Во бегство, тие почнуваат да ги користат своите моќи за да се борат против возрасните кои се закана за нивната иднина.

„Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат“ се прикажува само во сабота и недела во 11 часот. Овој пат невообичаеното семејство тргнува на одмор каде грофот Дракула почнува и романтична врска. Гласовите во анимираниот филм ги позајмуваат: Адам Сендлер, Селена Гомез, Енди Самберг и други.

Претходна статијаВодење на бизнис во општество базирано на податоци
Следна статијаНа 11-тиот Викенд Медиа Фестивал доаѓаат најдобриот хрватски тренер Златко Далиќ и популарното белгиско дуо 2manydjs