Уште ја чекаме најавата на петтата и последна сезона од една од најпопуларните серии, Stranger Thigs. Најверојатно оваа сезона може да се очекува идната година, но останува да почекаме на информациите.

Во меѓувреме од компанијата најавија дека ќе работат на анимирана серија Stranger Things, но за истата не дадоа ништо повеќе информации, дури серијата уште нема ни име.

Тоа што го знаеме е дека анимираната серија ќе биде креирана од страна на Мет и Рос Дафер кои стојат зад главната серија. Тие ќе бидат продуценти на серијата преку нивната Upside Down Pictures компанија.

„Отсекогаш сонувавме за анимирана Stranger Thigs серија во стилот на цртаните филмови во сабота наутро кои ги гледавме додека растевме и гледајќи го овој сон како се остварува е навистина возбудливо.“ – истакнаа Дафер браќата.

Ова може да ни даде одредени очекувања, но сепак ќе мора да почекаме додека излезат повеќе информации за серијата, за која во овој момент нема ниту еден цртеж, односно графика.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаPrint Screen копчето ја отвора Snipping Tool апликацијата во најновите тест верзии од Windows 11
Следна статијаGalaxy Z Tab – Samsung треба да го претстави нивниот прв таблет на преклоп заедно со Galaxy Tab S9 серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.