После неколку години пауза, а слободно може да се каже и дека веќе заборавивме на серијата, Netflix го најави пуштањето на шестата сезона од Black Mirror. Не е откриена точна дата, па информацијата е дека сезоната ќе биде достапна за стриминг од јуни.

Сатиричната серија досега одлично се покажа, иако има дискусија дали поновите сезони се покажаа добро како првата. Преку преувеличени примери оваа серија се обидува да ги прикаже можните негативни страни на работите кои се случуваат во општеството денес, а во голем дел преку користењето на одредена технологија.

Најновата сезона се најавува како најнепредвидлива досега, што значи дека очекувањата се поставуваат на високо ниво, па ќе треба да видиме дали тие ќе бидат оправдани.

„Отсекогаш сум чувствувал дека Black Mirror треба да прикажува приказни кои се сосема различни една од друга и да ги изненадува луѓето – и мене – или во спротивно, која е поентата? Тоа треба да биде серија што не може лесно да се дефинира и може да продолжи да се измислува себеси“, истакна писателот, креаторот и извршен продуцент на Black Mirror, Чарли Брукер.

„Делумно како предизвик, а делумно за да ги задржам работите свежи и за мене и за гледачот, ја започнав оваа сезона со намерно поништување на некои од моите основни претпоставки за тоа што да очекувам“, вели Брукер. „Следствено, овој пат, покрај некои од попознатите тропи на Black Mirror, добивме и неколку нови елементи, вклучително и некои за кои претходно се заколнав дека шоуто никогаш нема да ги направи, за да ги прошириме параметрите на она што епизода на Black Mirror дури и е. Приказните сè уште се тонски „Black Mirror“ – но со некои луди промени и повеќе разновидност од кога било досега“.

Новата сезона вклучува доста познати актерски имиња, па се најавуваат: Аарон Пол, Анџана Васан, Ани Марфи, Ауден Торнтон, Бен Барнс, Клара Ругард, Даниел Портман, Дени Рамирез, Дејвид Шилдс, Химеш Пател, Џон Хана, Џош Хартнет, Кејт Мара, Мајлк Цера, Моника Долан, Михала Херолд, Паапа Есиеду, Роб Дилејни, Рори Кулкин, Селма Хајек Пинолт, Самјуел Бленкин и Зази Битз.

Претходна статијаGoogle Meet доби можност за 1080p видео повици, но не за сите корисници
Следна статијаХарисон Форд ќе биде „подмладен“ за првите 25 минути од новиот петти дел од Indiana Jones
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.