Netflix веќе го менува начинот на којшто гледаме „телевизија“. Јас лично, од кога овој сервис стана достапен во Македонија, скоро и да не гледам класична телевизија, а тоа го правам само кога ме интересираат некои политички емисии, а тие сепак се достапни и онлајн.

Сепак, јасно е дека во ова модерно време, доколку некој сервис не „еволуира“ на некој начин, големи се шансите дека нема да може да продолжи да постои. Тоа значи дека сервисите мора редовно да иновираат и да им нудат на корисниците нови работи, за да истите останат заинтересирани за тој сервис, но и да може да се привлечат нови.

Според извори на Bloomberg кои побарале да останат анонимни, а наводно се запознаени со случувањата, Netflix планира да воведе можност за интеракција на гледачите со содржината која што ја гледаат. Истото би се направило преку нудење на избор за различен тек на приказната, а корисниците можат при гледање да го изберат правецот во кој би сакале да оди истата.

Првата содржина на Netflix која би требало да ја добие оваа можност е петтата сезона од познатата серија „Black Mirror“. Оваа сезона уште не е познато кога треба да биде достапна, но според изворите на Bloomberg тоа би се случило до крајот на годината.

Тоа што од Netflix би се одлучиле за оваа серија да биде првата ваква, во основа и има логика. Главната тематика на серијата е технологијата, па сигурно од Netflix ќе најдат и интересен начин да ги поврзат серијата со достапната технологија денес.

Инаку, можност за избор на приказната веќе е достапен во неколку серии за деца на Netflix, па Black Mirror би била првата серија која е за возрасни, односно првата серија со толку огромна публика.

ИЗВОРBloomberg
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаКакви ќе бидат трите задни камери на LG V40?
Следна статијаYouTube miniplayer е нова функција која ќе ви овозможи да гледате видео додека барате некое друго
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.