Bird Box е еден од најновите Netflix Original филмови во кои главната улога ја има Сандра Булок. Овој филм го привлече вниманието на гледачите, односно се покажа како популарен.

Да не ви ја издавам приказната во случај да уште го немате гледано филмот, а планирате, ќе кажам само дека во него главните карактери мораа да ги покријат своите очи, во случајот со крпчиња, за да не можат да видат тоа што се случува пред нив.

Епа, како што не е воопшто чудно за САД, голем број на луѓе почнале предизвик во кој тие се снимаат како одат со врзани очи по дома, надвор, па дури и возат автомобил. Што се нема да направат некои луѓе за лајкови на друштвените мрежи, нели…

Од Netflix се почувствуваа одговорни, па решија да излезат со кратка “опомена” на Twitter до гледачите, односно да се обидат да го демотивираат ова однесување.

Изјавата е во продолжение, а се надевам дека со ова не добивте и вие идеја што да правите за вашата следна објава на Facebook или Instagram.

ИЗВОРhttps://www.geek.com/culture/netflix-urges-people-to-stop-doing-the-bird-box-challenge-1768055/
Претходна статијаSamsung Galaxy S10 lite ќе дојде со процесор од највисоката класа како и другите два модели
Следна статијаSamsung го претстави својот најнов гејминг лаптоп Notebook Odyssey на CES 2019
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.