Ако досега не сте почнале да ја гледате новата серија на Netflix, “Love, Death & Robots”, please do. No spoilers.

Станува збор за нова антологија, т.е. кратки анимирани СФ-хорор приказни режирани од Дејвид Финчер (Alien 3, Fight Club, итн.) и Тим Милер (Deadpool). Приказните се кратки (од ~6 па макс. до 20 мин.) и секоја е засебна со придонес од различни автори (Wired има препорака по кој редослед да се гледаат ако не ви се гледа од прва до последна). Временскиот формат на епизодите е одличен за гледање 3-4 епизоди во еден саат. Финчер смета дека не е неопходно да се следи ист временски формат за секоја серија (22мин. за пократките или 48мин. за подолгите серии) и „приказната треба да е долга колку што треба за да има максимум импакт“.

После повеќе обиди да ја продадат идејата на разни студија, Финчер и Милер успеваат да се договорат со – кој друг ако не – Нетфликс. Нетфликс докажуваат со дела дека се вистински пионери и подржувачи на експериментирањето во пристапот (што е впрочем х факторот поради што се она што се).

Милер ја нарекува антологијата „љубовно писмо до гикови“, но јас и девојка ми сме далеку од гикови и ја обожаваме серијата уште од првиот момент (засега имаме изгледано 10тина епизоди од вкупно 18). Приказните се оригинални или прекрасно анимирани (најчесто и двете), и има од се по нешто – од стимпанк, сајберпанк, хорор со комичен тон, па се до СФ, алтернативна историја итн. Особено љубители на 3Д анимација ќе уживаат во секој момент од серијата.

Интересно е што антологијата не е баш најдобро прифатена помеѓу (дел од) „политички коректната“ (читај: lame) левица во САД бидејќи епизодите биле премногу „masculine, насилни и крвави“, што е всушност еден од сегментите кој е super fun.:)

Во овие 10 епизоди, единствена тиња ми е The Witness (иако е одлична 3Д анимација), а омилени ми сe:

  1. When The Yogurt Take Over: комичен приказ на застрашувачка идеја (иако не веднаш очигледна за сите).
  2. Beyond the Aquila Rift: СФ-хорор (мојот омилен жанр) приказна за вселенски брод кој бајаги ќе ја утне траекторијата и ќе заврши во место кое не е баш онакво како што изгледа.
  3. Suits: СФ приказна за тим фармери кои си го бранат домот со огромни роботи (mech suits) vs …

Оценка: 8/10. Не се пропушта.

Претходна статијаGoogle Pixel 3a и 3a XL се „lite“ верзиите од Pixel телефоните
Следна статијаGoogle+ и Inbox – два сервиси од Google кои престануваат со работа овој месец
Крипто-ентузијаст и љубител на СФ и хорор стрипови.