Конфузијата владее со умовите на заколнатите обожаватели на Марвел деновиве, во исчекување на новата серија за еден од големите ликови од овој универзум – Legion, познат и како Дејвид Хелер, синот на Професор Х. Прашањето кое сите си го поставуваме е дали серијалот, чија премиера е најавена за почетокот на наредниот месец, е дел од истиот универзум во кој работат X-Men, франшиза која активно ја работи студиото на FOX. Изјавата на продуцентскиот тим на обновените X-Men дека тие се „во свој свет“ не навестува ништо повеќе од тоа дека уникатниот мутант сам ќе си „игра“ од февруари.

Но обожавателите знаат дека никогаш не треба да велат никогаш кога станува збор за комбинирање на ликови и универзуми, без разлика колку невозможно тоа звучи, и со добра причина, бидејќи по сé изгледа постои шанса Legion да го дели филмското платно со неговиот татко и остатокот од X-Men, но ќе треба прво да се докаже.

Според едно интервју за Variety, сценаристот на Legion потврди дека тој „си функционира во свој свет“, но вратите се отворени за поврзување со универзумот кој игра на големото платно, доколку се покаже како успешен. „Морам да докажам дека серијата е доволно добра за да инкорпорира детали од светот кој е во филмовите, ако е тоа воопшто возможно.“ Оттаму додава дека едноставно не е исплатливо да се доведат James McAvoy и Michael Fassbender на телевизиските екрани, само за да остварат некаков континуитет за гледачите.

За сега делува дека луѓето кои ја работат серијата ни нудат добра од двата света. А ако сакате да се оствари тој crossover, помогнете му на Legion да фати високи рејтинзи! A доколку не сте запознаени, повелете и трејлер:

Претходна статијаNew York ќе ја гради најголемата фарма на ветерници во вода
Следна статијаИнвестирање во нов вид на соларна ќелија