„Ох, тој е прекрасен. Мислам, не можете да го симнете погледот од него. Неверојатно е харизматичен на екранот“, рече Ијан Ранкин, автор на оригиналниот роман и извршен продуцент, во интервјуто за главниот актер Ричард Ранкин, кој го игра ликот на Ребуси во новата криминалистичка серија Инспектор Ребус (Rebus) од 2024 година.
По успехот на првата истоимена серија од 2000 година, на Pickbox NOW доаѓа и новото издание, што ќе ѝ овозможи на публиката освен во минисеријата од првото издание, да ужива и во свежиот поглед на класичната приказна. Водено од талентираниот Ричард Ранкин во улога на главниот лик, ова ново толкување ветува возбудлив заплет и уверливи изведби.
Новата сезона носи шест напнати епизоди кои ќе бидат достапни секој понеделник на Pickbox NOW.
СЕМЕЕН ЧОВЕК ИЛИ ПОЛИЦАЕЦ?
Ранкин, кој ја игра улогата на Џон Ребус, страсно зборува за својата улога во враќањето на овој живописен лик во живот. Ребус, култниот лик во шкотската книжевност и телевизија, се враќа во новата напната полициска драма која ги истражува неговите формативни години како млад детектив.
Дејството се одвива во Единбург, истражувајќи ги темите на семејство, морал и класа низ емоционална приказна, поставена среде шкотските знаменитости кои на читателите на Ијан Ранкин (автор на романот) им се добро познати. Инспекторот Ребус сè почесто се наоѓа во дилема помеѓу почитување на законот и водење од својот сопствен морален кодекс кога неговиот брат ќе се вплетка во судир со мафијашите, предизвикувајќи насилство на улиците.
Дали детективот Ребус ќе му помогне на сопствениот брат и ќе ја ризикува својата кариера и углед?
![](https://www.smartportal.mk/wp-content/uploads/2024/05/Rebus-5.jpg)
ОДЛИЧНА АКТЕРСКА ПОСТАВА
Ричард Ранкин ги следи стапките на своите колеги, шкотските актери Џон Хан и Кен Скот, кои ја водеа оригиналната верзија на серијата пред 20 години. Во оваа извонредна постава исто така се Луси Шортхаус како ДЦ Сиобан Кларк, партнерка на Ребус во решавање на злосторствата, Торен Фергусон како инспекторот Малколм Фокс, и Каролин Ли-Џонсон како ДИ Џил Темплар. Заедно тие оживуваат комплексни и разновидни ликови кои го обликуваат светот на Ребус, осигурувајќи незаборавно искуство на старите и новите гледачи.
Новите епизоди од серијата ќе бидат достапни секој понеделник на Pickbox NOW.