Ралф Макио, првиот „Karate Kid“ од 1984 и Џеки Чен, кој глумеше во преработка на познатите филмови во 2010, најавија дека започнато е со работа на нов филм кој треба да биде пуштен до крајот на идната година.

Успешноста на „Karate Kid“ е очигледна, па не само што беа познати првите три филмови, по што следеше уште еден до Хилари Свонк, огромна популарност има и серијата „Cobra Kai“ која започна на YouTube, по што беше откупена од страна на Netflix.

Спојувањето на овие двајца актери е интересно, а иако филмовите го следеа истиот концепт, Џеки Чен беше еден вид на „замена“ за дотогаш познатиот лик Мијаги.

Повеќе детали за филмот засега нема, а се што е достапно е видео каде двајцата актери го најавуваат снимањето на филмот и бараат пријавување на актери кои би требало да ја добијат главната улога на новото „карате дете“.

ИЗВОРDeadline
ИЗВОР 2The Guardian
Претходна статијаКумановските училишта се вклучуваат во општествно одговорната кампања на „Макпетрол“
Следна статијаЈавните Reels сега можат да бидат симнати на телефонот на корисниците
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.