Главниот актер во првата сезона е наградуваниот Џон Хана кој беше номиниран за наградата БАФТА за улогата во филмот „Четири венчавки и погреб“ (Four Weddings and a Funeral). Освен популарниот филм, познат е и по улогите во сериите „Жртва“ (The Victim), како и серијата „Агентите на ШИЛД“ (Marvel’s Agents of S.H.I.E.L.D.)

Додека во другите три сезони улогата на Ребус ја презема Кен Стот/KenStott, најпознат по улогата на џуџетоБалин во трилогијата  ХОБИТ (HOBBIT)

Опасните маала во Единбург

Детективот Џон Ребус е алкохоличар, запуштен e и женкар, и работата е целиот негов живот. Тој е најстар и најискусен детектив во својата станица. Има мистериозно минато за кое неговата партнерка Шиван Кларк (Клер Прајс/ClairePrice) повремено дознава преку разни негови коментари. 

Кларк е млада жена која сака да успее, но освен работата нема некој живот. Чувствува дека поврзувањето со Ребус ја загрозува нејзината кариера поради неговите невообичаени методи, но исто така е фасцинирана од него и е крајно лојална. 

Шефица на Ребус е главната началничка Темплер (Џенифер Блек/JenniferBlack), жена која била една од љубовниците на Ребус во далечното минато. Нивната врска сега е таква што одвај се толерираат.

Дејствието се случува во Единбург, а истрагите го водат детективот Џон Ребус низ древните убавини на Единбург, но и во неговите злокобни населби.

Џон Хана како Ребус

Во првата сезона, го гледаме фантастичниот актер Џон Хана (ЖРТВА, ЧЕТИРИ ВЕНЧАВКИ И ПОГРЕБ, АГЕНТИТЕ НА ШИЛД…) како детективот Ребус. Хана, покрај толкувањето на главниот лик, е извршен продуцент на првата сезона, а неговата продуцентска куќа е копродуцент на серијата заедно со СТВ. Иако обожавателите на романот посочија дека Џон Хана го прикажал детективот Ребус поинаку, и публиката и критичарите се согласуваат дека неговите монолози во епизодите се фантастични, а серијата може да се спореди со скандинавските ноар серии.   

Кен Стот како Ребус

Во другите три сезони на британската детективска серија, главната улога ја има популарниот актер Кен Стот, кој е најпознат по улогата на џуџето Балин во трилогијата ХОБИТ. Критичарите и публиката истакнуваат дека неговиот приказ на детективот Ребус е поверен на книгите. Со својот длабок глас, груби манири и мрачна аура, Стот е роден да го игра закоравениот шкотски детектив. Кога ќе наиде на осомничен за убиство кој тврди дека е видовит, огорченоста на Стот е толку јасна што не мора да каже ниту збор – неговиот скептицизам му излегува од ушите и затоа неговиот приказ на Ребус е целосно убедлив. 

Гледајте ја британската криминалистичка серија за мрзоволниот детектив и фантастичните мистерии во Единбург само на Pickbox NOW од 22 октомври! 

Претходна статијаШвајцарската програма за претприемништво (Swiss EP): ФИТР е пример за функционална владина поддршка
Следна статијаПрв личен дневник за расположение на македонски јазик