Продолжението од филмот Ghostbusters: Afterlife, кој беше пуштен во 2021 година, го добива својот прв „трејлер“. Ghostbusters: Frozen Empire треба да стане достапен за гледање идната пролет, а од тоа што може да се види, можно е да биде поинтересен од првиот дел.
Во новиот филм, односно во продолжението, споени се двете екипи, од новиот филм од 2021, како и од старите филмови кои првиот дел го имаа во 1984.
Тоа значи дека покрај познатиот Пол Рад и Мекена Грејс, во поголемиот дел од филмот за разлика од претходниот ќе ги има и одличниот Бил Мјуреи и Ерни Хадсон. Тука е и Фин Волфхард кој стана познат преку серијата Stranger Things.
Ghostbuster: Frozen Empire го враќа дејствието на филмот во Њујорк, а што се очекува да се случува погледнете во „трејлерот“ во продолжение.