Акцијата „Израмнувач 2“ со Дензел Вашингтон во главната улога од утре во кино „Милениум“

Билетите за сите проекции во кино „Милениум“ чинат 150 денари

Акцијата „Израмнувач 2“ со Дензел Вашингтон во главната улога од утре (16 август, четврток) ќе се прикажува во 22.00 часот во кино „Милениум“ во Скопје. Филмовите „Шпионот што ме откачи“, „Невозможна мисија: Последици“ и „Кристофер Робин“ ќе продолжат да играат секој ден додека цртаниот „Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат“ ќе може да го погледнете само во сабота и недела во 11 часот.

Во „Израмнувач 2“ се зборува за човек кој се бори за правдата на експлоатираните и потиснатите, но до каде ќе оди кога во приказната е вмешан некој што го сака. Комедијата „Шпионот што ме откачи“ со Мила Кунис и Кејт Мекинон во главните улоги ќе се прикажува во 20 часот. Станува збор за две најдобри пријателки кои се вплеткуваат во интернационален заговор кога една од девојките ќе дознае дека момчето кое ја оставило всушност е шпион.

„Кристофер Робин“ со Јуан Мекгрегор во главната улога во работните денови е на репертоарот во 15 часот, а за викендите во 13.30 Приказната е насочена кон семеен човек кој одеднаш се сретнува со својот пријател од детството, Вини Пу кој му помага да ги открие убавините на животот. „Невoзможна мисија: Последици“ игра во 17.30 часот. Том Круз уште еднаш се појавува во улогата на Итан Хант кој овој пат заедно со неговите сојузници се наоѓаат во трка со времето кога мисијата ќе тргне на лошо.

„Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат“ е на репертоарот само во сабота и недела во 11 часот. Овој пат невообичаеното семејство тргнува на одмор каде грофот Дракула почнува и романтична врска. Гласовите во анимираниот филм ги позајмуваат: Адам Сендлер, Селена Гомез, Енди Самберг и други.

Билетите за сите проекции во кино „Милениум“ чинат 150 денари.

Претходна статијаYour Phone од Microsoft достапна за сите корисници на Windows 10 и Android
Следна статијаGoogle Chrome побрзо ќе ги отвора страните со таканаречено „мрзливо“ отворање на сликите и одредени html елементи