Shutterstock.com

Breaking Bad е една од попопуларните серии во изминатите 10-15 години. Истата се емитуваше од 2008 до 2013 и како што би се очекувало од серија со толку голема популарност, покрај секако огромната гледаност, серијата имаше и голема база на фанови.

Повеќе пати до сега можеше да се прочита за тоа дека серијата ќе добие продолжение во форма на филм, а еве сега е потврдена и датата на достапност на филмот, како и на платформата.

El Camino: A Breaking Bad Movie ќе биде достапен од 11 октомври и ќе се „емитува“ ексклузивно на Netflix. По одреден период филмот ќе биде достапен и на AMC, каде што почна серијата, меѓутоа тоа за нас и не е некоја важна информација.

Главната улога во филмот ќе ја има Арон Пол, односно „Џеси Пинкман“ кој ги преживеа случувањата од крајот на серијата кога беше спасен од страна на Волтер.

Сценариото и режирањето на филмот ќе бидат од креаторот на серијата Винс Гилиган, па се очекува дека и филмот ќе биде добар како што беше серијата, но би оставиле мал простор за овој заклучок додека не го видиме во октомври.

Приказната на филмот ќе се врти околу Џеси Пинкман, а во продолжение еве го и видеото за најава на филмот.

ИЗВОРNetflix - Twitter
ИЗВОР 2TechSpot
Претходна статијаСликите во Google Photos ќе може да се пребаруваат по текстот во нив
Следна статијаПочитувањето на сообраќајните правила и прописи, гаранција за безбеден сообраќај
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.