Ексклузивната премиера на 6-та сезона на брилијантната шкотска криминалистичка серија Шетланд (Shetland) на Pickbox NOW и на каналот Pickbox TV пристигнува на 22 февруари! Фалената серија се заснова на романите на наградуваната британска писателка на криминалистички романи Ен Кливс.

Шесте епизоди ќе се емитуваат од 22 февруари на каналот Pickbox TV во работни денови во вечерните часови, а ако сакате да погледнете сè одеднаш, тоа можете да го сторите на стриминг -сервисот Pickbox NOW каде што сите епизоди ќе бидат достапни истиот ден.

НАЈДОБРАТА ШКОТСКА СЕРИЈА

Освен што ја освои наградата БАФТА за најдобра драмска серија, „Shetland“ се одликува со брилијантни мистерии и многудимензионални ликови. Дејството се одвива на шкотскиот архипелаг, а главно место на дејството е Шетланд, кој се одликува со единствен пејзаж и начин на живот. Полицискиот тим истражува злосторства кои се тесно поврзани со островската заедница, на чело со снаодливиот и прониклив инспектор Џими Перес. Во такво изолирано и понекогаш непријателски настроено опкружување, полицискиот тим наоѓа креативни начини на истрага и полициско работење.

ШТО НÈ ЧЕКА ВО ШЕСТАТА СЕЗОНА?

Откривајќи за што се работи, главниот актер Даглас рече: „Многу истакнат и сакан мештанин на Шетланд е убиен пред влезната врата, а  полицијата, на чело со Перес, покренува истрага за тоа што е очигледно важна работа за заедницата. Згора на сè, умира мајка му на Перес што ѝ дава посебен тон на целата сезона, а татко му има почеток на деменција. Додека се справува со семејните работи, мора да ја реши островската мистерија“.

БРИЛИЈАНТНА АКТЕРСКА ЕКИПА

Во главната улога е Даглас Хеншал како Џими Перес, снаодлив и прониклив инспектор кој работи за шетландската полиција. Хеншал ја освои наградата БАФТА за најдобар актер во серијата во 2016 година. Покрај Хеншал, тука се и Алисон О’Донел како детективката Алисон „Тош“ Мекинтош и Стивен Робертсон како полицаецот Сенди Вилсон.  Останатата актерска постава ја сочинуваат Марк Бонар, Луис Хауден, Ерин Армстронг, Џули Греам и Ен Кид.

Ликовите се многудимензионални, дејството секогаш е напнато и интригантно, а глумата брилијантна. Ова е една од детективските серии кои навистина се разликуваат од другите и со причина е една од најдобрите шкотски серии. Посебна ја прави тоа што реално го  прикажува животот. Приказната, сценографијата, снимањето, единствениот поглед на шкотскиот архипелаг, може да се каже дека секој дел од оваа серија заслужува посебна пофалба.

МИСТЕРИОЗНИ УБИСТВА

„Shetland“ ќе ве вовлече во приказната и одеднаш самите ќе се чувствувате како детективи кои се дел од полицискиот тим на Перес. Дали се работи за пари, моќ или можеби љубов? Дали се работи за стара кавга која трае со генерации и најпосле ќе кулминира? Или е можеби едноставно несреќа?

Мистериозните убиства во најдобрата шкотска криминалистичка серија „Shetland“ гледајте ги во ексклузивната премиера на 6-та сезона од 22 февруари!

Претходна статијаМакедонскиот бренд 4U на саемот за храна „Гулфуд“ во Дубаи
Следна статијаMicrosoft ќе почне да тестира папки за апликациите во Старт менито, покрај уште неколку други новини кај Windows 11