Двете авионски несреќи кои се случија во рок од 5 месеци, а го вклучуваа истиот нов модел од Boeing 737 MAX во 2018 и 2019, привлекоа посебно внимание. Чудно беше што два модерни авиони од компанија како Boeing може да се причина за несреќите, а информациите кои излегоа со текот на месеците открија нешто доста поголемо.

Boeing со цел да подобро конкурира со Airbus, го прилагодува нивниот најпродаван модел, 737, со нови и поштедливи мотори, наместо да развие целосно нов авион. Со цел да продажбата на овие авиони оди побрзо, без потреба од одобрување од страна на регулаторните тела, како и со помали трошоци за компаниите без потреба од дополнителна обука на пилотите, Boeing го вградува сега веќе озлогласениот MCAS систем.

Овој систем, кратко кажано, е замислен да го прилагоди авионот во случаи кога поради новите мотори може да дојде до нагло губење на висината поради насоченост на „носот“ нагоре. Регулаторните тела, како и повеќето пилоти не знаеле за овој систем, па погрешните информации од сензори кај двата паднати авиони, доведуваат до непотребните несреќи.

Downfall е одличен документарен филм на Netflix во кој детално се разгледуваат причините за вградувањето на MCAS, конкуренцијата со Airbus, а уште повеќе, криењето на информации од регулаторните тела и авио компаниите.

Работите почнуваат да се движат во ваков правец доста порано во компанијата, а како што е претставено во документарецот, кога профитот на акционерите станува најважна работа во компанијата која порано била позната по безбедноста.

Претходна статијаInternet Explorer конечно заминува во историјата на 15 јуни оваа година
Следна статијаУтре се одржува шестото издание на Italian Design Day
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.