Полека доаѓаме до време кога „обичната“ телевизија се поретко се гледа, на сметка на стриминг сервисите како Netflix. Бројот на вакви сервиси веќе и не е толку мал, па веќе има и добра конкуренција, иако не сите се достапни во целиот свет и Македонија.

Disney најави дека е во припрема на сервис којшто ќе биде конкуренција на Netflix, којшто треба да биде наречен Disney+, па сега и официјално е објавена датата на почнување и цената која ќе ја има сервисот.

Сервисот официјално започнува со работа на 12 ноември и ќе има месечна претплата од 6,99 долари, а ќе може и да се плати унапред цела година по цена од 69,99 долари.

За жал, сервисот започнува само во САД, а проширување во останатиот дел од светот се најавува дури за 2021 година, а и за тогаш не е познато дали нашата земја ќе биде дел од „списокот“.

Инаку, Disney+ уште од самиот почеток ќе има одредена ексклузивна содржина од брендовите кои се во сопственост на оваа компанија. Тоа значи дека ќе биде достапна содржина од Disney, Marvel, Lucas Film, Pixar, Fox, а тука се и National Geographic.

Интересно, поради купувањето на Fox од страна на Disney, во нивна сопственост сега е и стриминг сервисот Hulu, којшто ќе стане дел во некоја форма од претплатата.

The Simpsons исто така ексклузивно ќе бидат достапни на Disney+ е во продолжение Хомер го најавува новиот сервис.

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаGoogle овозможи користење на Android телефоните како физички безбедносен токен
Следна статијаHuawei во земјава лансира нови паметни часовници од Watch GT серијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.