Филмот „Кристофер Робин“ со Јуан Мекгрегор од петок во кино „Милениум“

Приказната во „Кристофер Робин“ е насочена кон семеен човек кој одеднаш се сретнува со својот пријател од детството, Вини Пу, кој му помага да ги открие убавините на животот

Филмот „Кристофер Робин“ со Јуан Мекгрегор во главната улога од петок (трети август) ќе почне да се прикажува во кино „Милениум“ во терминот од 15 часот во работните денови, додека во сабота и недела ќе игра во13.30. Киното нема да работи на 2 август, но веќе следниот ден публиката ќе може да ужива во редовната програма.

Мјузиклот „Мама миа! Одиме повторно“ ќе продолжи да се прикажува во 17.30 часот, акцијата „Невозможна мисија: Последици“ игра во 20 часот додека дневната програма завршува со „Сикарио 2: Војна без правила“ кој е на репертоарот во 22.30. За викендот, во 11 часот публиката ќе може да го погледне и анимираниот „Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат“.

Приказната во „Кристофер Робин“ е насочена кон семеен човек кој одеднаш се сретнува со својот пријател од детството, Вини Пу, кој му помага да ги открие убавините на животот. „Невoзможна мисија: Последици“ неодамна беше премиерно прикажан во Париз по што доби исклучително добри критики и беше оценет како „спектакуларен“ и „филм на летото“. Том Круз уште еднаш се појавува во улогата на Итан Хант кој овој пат заедно со неговите сојузници се наоѓаат во трка со времето кога мисијата ќе тргне на лошо.

Мјузиклот „Мама миа! Одиме повторно“ ќе игра во 17.30 часот, а главните улоги ги толкуваат: Лили Џејмс, Аманда Сејфрид, Пирс Броснан, Колин Фирт и други. Акцијата „ Сикарио 2: Војна без правила“ е на репертоарот во 22.30 часот, а во остварувањето играат Бенисио Дел Торо и Џош Бролин.

„Хотел Трансилванија 3: Одморите почнуваат“ е на репертоарот само во сабота и недела во 11 часот. Овој пат невообичаеното семејство тргнува на одмор каде грофот Дракула почнува и романтична врска. Гласовите во анимираниот филм ги позајмуваат: Адам Сендлер, Селена Гомез, Енди Самберг и други.

Билетите за сите проекции во кино „Милениум“ чинат 150 денари.

Претходна статијаРСБСП совети за безбедно возење во градежни зони на патиштата
Следна статијаМакпетрол ја претстави мобилната апликација „Верна GO“