Pickbox во мај носи нов хит-наслов во својата понуда: сите епизоди на фалената британска серија „Humans“ („Човечка раса“) се достапни веднаш во понудата на Pickbox, а секоја среда, почнувајќи од јуни, се прикажуваат и нови епизоди од третата сезона, паралелно со американската премиера.

„Humans („Човечка раса“) е успешна адаптација на истоимената шведска серија (во оригинал: „Äkta människor“). Успешноста на шведската и британската варијанта на серијата лежи во реалистичниот приказ на можната иднина. Серијата се одвива во алтернативна сегашност и го претставува животот на едно сосема обично британско семејство кое станува сопственик на синтот по име Анита. Синтовите се хуманоидни роботи, чијашто главна функција е да помагаат во секојдневните домаќински задачи. Иако со недоверба гледа кон оваа нова работа во семејството, тоа полека ја прифаќа присутноста на синтот, но со текот на времето Анита престанува да биде синт и почнува да станува свесна за своето постоење. Натамошните епизоди откриваат дека таа не е единствената што почнува да размислува и да чувствува и дека ги има уште…

Атрактивна актерска постава

Главната улога ја носи Џема Чан (Анита), а нејзина колешка е сепак попознатата Кетрин Паркинсон (Лора) – играше во ситкомот „The IT Crowd“, како и во комедијата „Pirate Radio“. Том Гудман-Хил („Everest“, „The Imitation Game“, „Mr. Selfridge“) го игра сопругот на Лори, а главниот заднински протагонист го игра Колин Морган, во пошироката публика познат по улогата на Мерлин во истоимената серија. Секоја серија мора да има и негативец, а овој пат тоа е Емили Берингтон („Ниска“), која имавме шанса да ја гледаме во последното продолжение на „The Inbetweeners“, како и во серијата „24: Live Another Day“.

Улогата на синтовите на актерите не им беше лесна; продуцентите на серијата инсистираа на часови по глума во таканареченото училиште за синтови, кое ги учеше како да се однесуваат како синтетички роботи. Ова вклучуваше учење на вештачки движења, минимален израз на лицето и прилагоден „роботски“ глас. Освен тоа, сценаристите на серијата се погрижија за секој детаљ од серијата, па така познавачите на вештачката интелигенција, роботиката и научната фантастика можат да најдат интересни работи: референци на Карел Капек, создавачот на зборот „робот“, поврзаност со филмот „A.I.“, имиња на книгите кои си играат со концептите на биоетиката, првото правило на роботиката и концептот на дух во машина.

Моралност, етичност и вештачка интелигенција

Серијата интелигентно поставува различни филозофски, морални и етички прашања што се појавуваат при проучување на темата на вештачката интелигенција, а баш реалистичните сценарија го предизвикаа вниманието на јавноста. На пример, во првата сезона, еден член на семејството се запознава со родителската заштита, која овозможува водење љубов со семејниот синт и целосна дискреција по завршување на чинот. Со оглед на неодоливата сличност помеѓу синтовите и луѓето, се поставува прашањето дали е тоа етички и морално?

Втората сезона го претставува будењето на синтовите, па јавноста се запознава со фактот дека тоа повеќе не се само роботи туку се и машини кои можат самостојно да одлучуваат и да носат одлуки, па се свесни за светот околу себе. Луѓето се организираат против разбудените синтови, тврдејќи дека тие не се луѓе и дека не им припаѓаат правата што ги бараат. Ова и не е толку далечно сценарио, а прашањето е на чија страна сте вие?

На ред е глобалното будење на синтетиката

Третата сезона ги следи будењето на синтовите на глобално ниво и сѐ поголемиот јаз помеѓу нив и човечката раса. Првата епизода од новата сезона ќе нѐ внесе во настаните точно по една година откако меѓу синтовите е пуштен кодот за свест. Зошто третата сезона не ги разгледува настаните во текот на изминатата година? Овој временски скок го објаснува актерката Кетрин Паркинсонс:

„Мислам дека сценаристите се многу свесни дека силата на серијава лежи повеќе во филозофијата на научната фантастика отколку во акционите серии.“

Целата екипа на серијата се согласи дека изгледа оти третата сезона станува и тоа како релевантна, особено имајќи ги предвид човечката доверба во технологијата и последните настани како оној со „Кембриџ аналитика“ и нарушената доверба во социјалните мрежи.

Третата сезона гледајте ја од 6 јуни на Pickbox, а до 4 јуни, односно до крајот на бесплатниот период на Pickbox, гледајте ги претходните две сезони и позанимавајте се со вештачката интелигенција која (можеби) пристигнува!

Претходна статијаЕлон Маск и неговата потрага по Pravda
Следна статијаЛетни менторски програми за нова и успешна кариера