Shutterstock.com

Според неофицијални информации, Саша Барон Коен, започнал со снимање и тоа тајно, на вториот дел од Borat и филмот е веќе снимен. Поради корона кризата и неможноста да филмот се прикаже во кината, односно барем не доволно масовно како што би се очекувало, правата за прикажување на филмот ги има откупено Amazon.

Тоа значи дека корисниците на Amazon Prime Video можат да го очекуваат Borat 2 до крајот на идниот месец, односно до крајот на октомври.

Многу информации околу филмот нема, па остануваат само неофицијални информации. Според нив, Borat повторно ќе шета низ САД, но овој пат акцентот ќе биде ставен на политичката ситуација со Доналд Трамп како претседател. Трамп е извор на доста критики и хумор, па не изненадува што вториот дел од Borat ќе биде на таа тема.

Името на филмот нема да биде едноставно Borat 2, па наводно филмот ќе се вика „Borat: Gift of Pornographic Monkey to Vice Premiere Mikhael Pence to Make Benefit Recently Diminished Nation of Kazakhstan“, но останува да видиме дали ова е навистина така.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Collider
Претходна статијаAmazon One ја користи дланката за идентификација на корисниците во продавниците и другите места
Следна статијаТом Круз ќе снима филм на Меѓународната Вселенска Станица, летот закажан за крајот на идната година
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.