Вториот дел од еден од најпопуларните филмови Avatar, ќе стане достапен за „стримување“ преку Disney+ од 7 јуни. Avatar: The Way of Water стана достапен во кината од крајот на минатата година, а според бројките тој е еден од најгледаните филмови со заработка од 2,32 милијарди долари.

Приказната во вториот дел од филмот се случува повеќе од десет години по првиот и ги следи животот на „Џејк, Нејтири и нивните деца. Да не откриваме повеќе за тие што го немаат гледано филмот.

На Disney+ филмот ќе дојде со бонус содржина од продуцентите, актерите и екипата.

„Avatar: The Way of Water“ дебитираше во кината на 16 декември и стана третиот филм со најголема заработка на сите времиња во светот со речиси 2,32 милијарди долари на бокс офисот. Номиниран за бројни награди Оскар, вклучително и за најдобар филм, филмот исто така постави нов репер за визуелните ефекти.“ – истакнаа од Disney.

Во продолжение можете да го погледнете „трејлерот“ од најавата на Disney+.

ИЗВОРDisney+
Претходна статијаАлиу и Спасовски ја промовираа услугата за издавање на Уверение за државјанство во електронска форма
Следна статијаBrave со нова заштита за корисниците, само овој пат не од трети страни
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.