alien-covenant-logo-1280x675

Кој од нас не го гледал Alien? Кој од нас не се зачудил зошто во домашниот превод името е преведено баш како „Осми патник“?! Кој од нас не би сакал продолжение на оваа легендарна трилогија режирана од Ридли Скот? Веројатно сите.

Тогаш, Ридли Скот има пријатно изненадување за сите вас – ќе паузира од правење (стотици) продолжетоци на „Прометеј“ и ќе го донесе Alien: Covenant во кино салите на 6-ти октомври, 2017 година. Филмот ќе биде претходник на култниот Alien од 1979 година во приказната.

Во него ќе се работи за приказната на екипажот на вселенскиот брод Covenant кој ќе слета на наизглед рајска планета. Нормално, не би бил филм на Ридли Скот ако заврши така. Екипажот ќе се сретне со единствениот жител на планетата, андроидот Давид кој ќе биде глумен од Мајк Фасбендер.

Во секој случај се радуваме на напорот повторно директно да се оживее оваа класика. Со „Прометеј“ Скот го доразви Универзумот во кој постои вонземјанинот со два пара заби, но не се фокусираше на него скоро воопшто туку на други аспекти од светот.

Останува да видиме дали Alien: Covenant ќе биде општо прифатен од обожавателите на серијалот Alien кога ќе излезе во 2017 година. Дотогаш можете да прочитате по некоја кратка, но фантастична НФ сторијa.

Извор: The Verge, TechnoBuffalo

Претходна статијаVibe X3 е нов Android смартфон од високата класа на Lenovo, кој доаѓа во три различни верзии
Следна статијаQuantum 13 е нов сензор кој може драматично да го подобри квалитетот на фотографиите кај смартфоните