Со огромно задоволство Ве известуваме дека во периодот од 8 до 18 ноември 2018 година, во организација на Младинскиот културен центар ќе се одржи седумнаесеттото издание на МЕЃУНАРОДНИОТ ФЕСТИВАЛ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ – CINEDAYS, кој и оваа година како и сите претходни, ќе се обиде да го задоволи истенчениот вкус на својата верна публика… Фестивалот чија задача е, буквално да ве збогати преку ноќ, што е воедно и слоган на фестивалот- „ЗБОГАТИ СЕ ПРЕКУ НОЌ“.

Годинешниот CINEDAYS нуди филмови што „гравитираат“ во неколку програмски веќе познати програмски целини: Официјална селекција, CineBalkan, Гала програма, Музички документарци, МК во ЕУ програма, Ретроспектива на Милош Форман, ЕYE ON FILMS, МК-Кратки филмови, Студентска програма, Детска програма, special screenings и богата придружна програма од работилници и богата музичка селекција од концерти во специјалната програма на фестивалот, CineMusic.

ГАЛА програмата и оваа година изобилува со врвни режисерски имиња и наградувани филмови на фестивалите вo Кан, Сан Себастијан, Венеција, Берлин, Ротердам… Од вкупно 21 филмо во ГАЛА програмата, љубителите на европскиот филм ќе можат да ја погледнат следнава селекција: Don’t worry he won’t get far on foot“ на Гус Ван Сант, „The House that Jack build“ на Ларс вон Трир, „Suspiria“  на Лука Гуадаџнино, „The Man who killed Don Quixote“ на Тери Гилиам, „Peterloo“ на Мајк Леих, „Sunset“, на Ласло Немес, „The Happy Prince“, на Руперт Еверет, „Everybody knows“, на Асгар Фархади, „Cold War“, на Павел Павликовски, „Walking to Paris“, на Питер Гринвеј, „The white crow“, а Ралф Фајнс, „The death and life of Jason F Donovan“, на Хавиер Долан, „Shoplifters“, на Хироказу Корида, „Loro“, на Паоло Сорентино, „Le livre d’image“ на Жан Лук Годар, „Dogman“, на МАтео Гароне, „Non Fiction“, на Оливер Асајас, „Isle of Dogs“ на Вес Андерсон, „The Darkest Hour“, на Џо Рајт, „The Phantom Thread“ на Пол Томас Андресон, „Black KKKlansman “ на Спајк Ли.

Со гордост го најавуваме и филмот „The Favorite“, на Јоргос Лантимос, филм чијашто премиера се случи на овогодишното издание на Венецискиот фестивал и допатува специјално на CINEDAYS, пред воопшто да биде пуштен во кино дистрибуција закажана за 2019 година.

Во контекст на истото, со гордост ја најавуваме и долгочекуваната македонска премиера на филмот „Хеј“ на македонскиот режисер Васил Христов, филм кој го “очекувавме” да излезе премиерно повеќе од десетина години, а на CINEDAYS му припадна честа да го затвори фестивалот.

ОФИЦИЈАЛНАТА СЕЛЕКЦИЈА и програмата CINEBALKAN, традиционално ги препуштаме на изборот на Бернд Будер, кој и оваа година понуди извонредна селекција на филмови.

Осум филмови на млади европски режисери, кои се натрепваруваат за наградите: ЗЛАТНА ЅВЕЗДА за Најдобар филм и 5,000 евра парична награда, СРЕБРЕНА ЅВЕЗДА за Најдобра режија и СИНА ЅВЕЗДА за Најдобро сценарио. Новитет оваа година е соработката со филмскиот фестивал за млади Giffoni, со кои заедно ќе ја доделиме специјалната награда Youth Award за најдобар филм – од млади за млади.

Жири комисијата во Официјалната селекција ја сочинуваат Верица Недеска – актерка, Бригита Матнеј, финансиски консултант од германскиот фонд Bradenburg Medienboard и професорката по филм и теоретичарка Александра Накиелски.

Во рамките на ОФИЦИЈАЛНАТА СЕЛЕКЦИЈА ќе може да се погледнат филмовите:

  • ALONE AT MY WEDDING Belgium, режија Марта Бергман
  • COPS
Austria 2017, режија Стефан Лукас
  • THE LOAD
Serbia, France, режија Огњен Главониќ
  • WHEN THE TREES FALL
Укранина, Полска, Македонија 2018, режија Марисиа Никитиук
  • TOUCH ME NOT Романија, Германија, Чешка, режија Адина Пинтиле – Победник на Берлин 2018
  • VIA CARPATIA
Полска и Чешка, режија Каспер Бајон и Клара Кочанска
  • ANA DAY BY DAY Шпанија, режија Андреа Хауриета
  • YOU HAVE THE NIGHT
Србија, Црна Гора режија Иван Салатиќ – Награден на Венецискиот фестивал 2018

Во рамки на СИНЕБАЛКАН ПРОГРАМА следуваат шест филмови од балканско – европски копродукции oд млади дебитанти режисери или со својот втор филм кои се борат за наградата НАЈДОБАР ФИЛМ или Златно Сонце и 5,000 евра парична награда:

  • ARADA 2018 Турција, режија Му Тунк 2018 Turkey,
  • BANDITS LOOKING FOR MOM 2018 Србија, режија Коста Ристиќ
  • KAOTIČNI ŽIVOT NADE KADIĆ
2018 Мексико и Босна и Херцеговина, режија Марта Хернаиз
  • LAZY GUY 2018 Црна Гора 2018, режија Алекса Стефан Радуновиќ
  • THE MARRIAGE, 2018 Албанија и Косово, режија Блерта Зекири
  • BORDERS, RAINDROPS
Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Шведска, режија Никола Мијовиќ и Властимир Судар

Жири комисијата во СинеБалкан селекцијата ја сочинуваат Инти Шрај, актерка од Словенија, Серван Гунеј, турски филмски продуцент и режисерот добитник на награда во Кан и Изер Алиу, наградуван норвешки режисер по потекло од Македонија.

Секоја година, нудиме содржајна програма од МУЗИЧКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ и неверојатна понуда на КОНЦЕРТИ, се со цел, фестивалскиот ден да се заокружи на најдостоинствен начин. Филмската селекција ја сочинуваат девет филмови, кои ќе ги задоволат и најпрефинетите вкусови на филмските, но и музичките сладокусци:

  • „Дечак из воде“ (2014) режија Марко Новчиќ – документарен филм за легендарната група ЕКВ
  • „England is mine“ (2017)режија Марк Гил, игран филм за животот и делото на фронтменот на Д Смитс, Морисеј
  • „Матанги/ Маја / M.I.A“ (2018) режија Стив Ловериџ документарен филм за актуелната раперка M.I.A
  • „Тhe Godfathers of Hardcore“ (2017) режија Иан МекФарланд, документарен филм за американската хардкор музичка сцена
  • „Глазба је часовна уметност 3: ЛП филм Лајбах“ (2018) режија Игор Зупе – трет дел од серијалот кој се фокусира на случувањата на (2018) 
d. Igor Zupe, трет дел од серијалот се фокусира на случувањата околу Лајбах
  • „Betty: they say i’m different“ (2017) 
режија Филип Кокс, филм за легендарната соул пејачка Бети Дејвис
  • „Raving Iran“ (2017) режија Сузан Регина Мејерс, филм за подземната рејв сцена во контроверзното затворено иранско општество
  • „Invisible hands“ (2017) режија Марина Гиоти, филм за египетски андерграунд музичари
  • „You’ll never walk alone“ (2017) режија Андре Шафер филм за легендарната песна You’ll never walk alone на навивачката група на фудбалскиот клуб Ливерпул

Mузичката програма пак, се состои од девет концерти и тоа со настап на :

Сеќавање на ЕКВ (со Срѓан Жика Тодоровиќ на тапани), Mauskovic dance band (Холандија), Noga Erez  (Израел), 
 YOU и Anna O. (Македонија),  
 Диџеј сет на BIGor (Словенија) и концерт на африканска џез бит група Idris Ackamoor & The Pyramids, TAU (Германија), Gabe Gurnsey (Factory Floor) (Велика Британија), Женскиот младински хор на МКЦ – џез програма 
(Макеоднија), Lydia Lunch (САД).

Во соработка со амбасадата на Република Чешка во Македонија во чест на неодамна починатиот чешки режисер Милош Форман, CINEDAYS на публиката ѝ претставуваат четири остварувања од раните денови на творење на овој голем филмски маг, со цел достојно да се потсетиме на неговата генијалност и неверојатен талент.

Во рамки на МК во ЕУ ПРОГРАМА, нудиме оригинален концепт на фестивалот CINEDAYS, чија задача е презентирање на учеството и креативниот придонес на домашните продуценти, актери, режисери и останати филмски професионалци во наградувани европски ненационални остварувања. Покрај истото, концептот на програмата вклучува и овозможување на фестивалска премиера и прикажување европски филмови во кои учествуваат македонски продуцентски компании во улога на ко-продуценти со малцински удел.

Селекцијата на МК кратки филмови е составена од девет филма: „Магнолија“ на Ана Опачиќ, „Готлиб“ на Крсте Господиновски, „Кога не нема“ на Стефан Палитов, „Сонот на крвта и душата“ на Игор Алексов, „Железната приказна“ на Златко Калеников, „Малина“ на Анастасија Лазарова, „Види ја ти неа“ на Горан Столевски, кој освои награда на Санденс филм фестивал, „Обид за среќна приказна“ на Лавинија Софрониевска и „Црни и криви“ на Марко Џамбазовски.

Третото издание на Програмата на студентски филмови ни носи голем број млади филмаџии од 10 регионални Универзитети на CINEDAYS. За младите луѓе што сакаат да се пробијат во индустријата, CINEDAYS нуди бесплатна пропусница за сите фестивалски настани, вклучувајќи проекции, работилници, предавања, панели. Оваа година во рамките на студентската програма ни се вклучи и светски познатата филмска академија ФАМУ од Прага, р.Чешка.

Најдобриот Студентски филм ќе биде награден со парична награда од 500 евра од тричленото жири: Кристина Леловац, асистент на Факултетот за драмски уметности во Скопје и актерка, Јане Спасиќ, режисер и Владимир Димоски, филмски снимател.

Годинава за прв пат CINEDAYS има соработка со мрежата Eye on Films (http://eyeonfilms.org/) од каде селектиравме пет наслови за промоција на програмата:

  • „Freckles“ 2018, режија Фабрицио Гуардучи
  • „Smile“ 2018 режија Стефан Кохн
  • „Cargo“ 2017 режија Гил Кулиер
  • „The Pigeon“ 2018 режија Бану Сивачи
  • „Young Solitude“ 2018, режија Клари Симон

Во рамки на фестивалот имаме SPECIAL SCREENINGS, специјално прикажување на два филма кои се со слична тематска содржина, а целокупната програма е замислена како Festival – to – date проекција, овие филмови ќе имаат истовремена симултана проекција и на филмскиот фестивал во Тирана. Филмовите „Хотел Гагарин“ 2018 на Симон Спада и „Хотел Југославија“, 2017 на Николас Вагниерес.

Куриозитет на ова издание на Меѓународниот фестивал на европски филм е првиот CINEIndustry филмски маркет. Целта на настанот е да ја инспирира публиката да побара нови можности за дистрибуција и да ги преиспита начините на кои се дистрибуираат филмовите, за да се напредува. Настанот ќе создаде иницијални дијалози и врски помеѓу филмаџиите и дистрибутерите, продажните агенти, VoD платформите и разните играчи и поддржувачи од други средини.

Дводневниот настан е поделен на панел дискусија и пичинг сесии, кои нудат можност за размена на знаењата и интердисциплинарно воспоставување деловни контакти. Водена од страна на инспиративни говорници, панел дискусијата ќе им се обрати на филмаџиите, кои ги интересира како технологијата ја обликува иднината на филмската дистрибуција и комерцијална исплатливост на еден филм.

На пичинг сесијата ќе се претстави избор од приближно 5 проекта, кои во моментов се во последната фаза на пост-продукција или финализирани во тековната година, но немаат дистрибутери или продажни агенти што би ја помогнале нивната меѓународна видливост и би воспоставиле врски за дистрибуција на нивните проекти. Целта е да се откријат добри проекти од регионот и да се поттикне соработка во областа на дистрибуцијата. Жирито составено од филмски професионалци ќе го награди најдобриот проект, кој ќе биде фаворизиран за онлајн дистрибуција.

ПРИДРУЖНАТА ПРОГРАМА, во која секоја година даваме максимални напори да донесеме експерти од филмската област кои имаат за задача своите видувања, експертизи и познавања да ги пренесат кон студентите но и заинтересираните домашни филмски професионалци, оваа година на CINEDAYS ќе содржи:

  • НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ФИЛМСКА КРИТИКА, со која ќе ги охрабриме студентите по новинарство, студентите по филм, и воопшто, сите критички настроени филмски ентузијасти да напишат рецензии за филмовите што ги проследиле на фестивалот, за што ќе следува и награда доделена од специјално жири.
  • Панел дискусија „Close up of the Macedonian film festivals“, Медиа Деск

Крупен план на филмските фестивали во Македонија, детален поглед во минатото и перспективите. МЕДИА Деск Македонија во рамките на 17-от филмски фестивал „CINEDAYS“ организира форум на кој ги собира сите македонски филмски фестивали на едно место. Од некаде треба да се продолжи, кога веќе сме решиле да почнеме. Дискусијата ќе ја води Бистра Георгиева, раководител на Креативна Европа – МЕДИА Деск МК

  • Мастерклас „How to Successfully Sell Your Film / Digital Distribution Masterclass“, водена од Коби Шели

Веќе одлично ви оди со продукцијата, но не сте сто отсто сигурни како да привлечете публика за вашиот филм? Квалитетното рекламирање на Интернет отсекогаш било клучно, но во дигиталната ера е поважно од кога било. Наместо да ги придобијат потенцијалните продажни агенти или лицата што изработуваат програми на филмските фестивали, филмаџиите треба да умеат самите да се продадат на социјалните мрежи како Инстаграм, Јутјуб, Твитер и Фејсбук. Без убедлива приказна, никој нема да го погледне вашиот филм.

  • Предавање „How to Pitch a Film Project?“, на Бригита Мантеј 
Пазарот на филмската индустрија е ориентиран кон нови идеи и постојано е во потрага по следната извонредна приказна и проект. Бригита Мантеј ги истакнува најпосакуваните вештини за успешна реализација на замислен проект. Продуценти, филмаџии, режисери и сценаристи ќе добијат концизен увид во потребните презентациски вештини за презентација на замислен проект на индивидуален состанок, презентација на сцена или преку писмена апликација.
  • Отворено предавање „I even met brave Balkans“, CRITICAL CAMP

РАБОТИЛНИЦА ЗА ФИЛМСКА КРИТИКА ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ 
Основни алатки во теоријата на филмот, филмската критика и креативноста во полето се медиумската писменост и аналитичкиот пристап кон темата. Критичен Камп е проект чија цел е развивање на овие три алатки. Започнат во 2017 година од страна на Филм култура, асоцијација за образование за аудиовизуелна култура, Критичен Камп се фокусира на набљудување, анализа и пишување за филмската уметност преку одржување на работилници наменети за средношколци.

ОТВОРЕНО ПРЕДАВАЊЕ: ГО СРЕТНАВ ХРАБРИОТ БАЛКАН

Во духот на CINEDAYS и програмската посветеност кон промовирање на дела од модерната Балканска кинематографија, отвореното предавање ќе се фокусира на важностa на интегритетот, храбриот уметнички пристап на младите автори и можностите што ги нуди современата кинематографија во регионот.

  • Детска работилница со Рашко Миљковиќ, режисерот на новиот хит „Ловци на вештерки“ од Србија

Билетите за ГАЛА програмата се со популарна цена од 150 денари, сите останати проекции со цена од 100 денари додека проекциите во рамките на Студентската програма, Програмата МК кратки филмови, Детската програма и Работилниците се со бесплатен влез.

Претходна статијаБиографскиот филм „Боемска рапсодија“ за Фреди Меркјури во кино „Милениум“
Следна статијаНаучниците во CERN ќе се обидат да го откријат постоењето на антигравитација