press-google-glass-970-80

Во моментов има две технологии за препознавање на корисникот и како начин за заштита на податоците – отпечаток од прст и зеницата на окото. Сепак, ова не значи дека научниците не бараат нови начини за распознавање, особено бидејќи актуелните и не се толку безбедни и непробивни како што се мислеше порано.

Новата технологија за распознавање кога прв пат ќе ја слушнете делува чудно и невозможно, но научниците од Универзитетот во Штутгарт тврдат дека работи во 97% од случаите. Да, ова значи дека во има простор за напредок – ваква технологија мора да работи во 100% од случаите за да се пробие на пазарот, но работите со сигурност ќе бидат испеглани во иднина.

SkullConducts-system-uses-a-one-second-audio-clip-conducted-through-your-head-to-identify-you

Идејата е да се користи черепот на главата како проводник на звук. Бидејќи секој череп има различни контури, тој различно го менува звукот кој поминува низ него. Системот работи така што пушта звук долг една секунда, кој потоа се фаќа со микрофон. Потоа, посебен софтвер го анализира звучниот потпис, односно фреквенцијата на звукот, која е уникатна за секој различен череп.

Оваа технологија има неколку недостатоци. На пример, доколку има премногу шум, не се надевајте на препознавање од уредот, а исто така и промени на главата на корисникот, како на пример здебелување и ослабување, можат да го променат звучниот потпис и корисникот да не може да влезе во својот уред.

Научниците оваа технологија за препознавање инаку ја прикажаа вградена на Google Glass, што е и нормално, бидејќи делува идеална за употреба во таквите уреди. Читачи за отпечатоци за прстите и зеницата се и натаму подобро, односно поприродно решение за паметните телефони, таблетите и лаптопите.

Извор: The Next Web, Tech Radar, Slash Gear

Претходна статијаПат кон бесмртност – дел 2 – дигитален
Следна статијаGalaxy Note 6 ќе има заоблен дисплеј и масивна батерија?