Бенефитот од користењето на зелената обновлива енергија сите го знаеме. Но како најлесно да се натераат луѓето, а особено компаниите да го користат овој вид на енергија. Се разбира доколку цената е најниска на пазарот. Добра вест е тоа што конечно на крајот на оваа година, за прв пат цената на зелената енергија е иста или пониска со цената на енергијата од фосилните горива. Ова важи за повеќе од 30 држави во светот.

Веста ја објави светскиот економски форум и е добра најава за наредната 2017 година. Знаеме дека обновливата енергија има најголеми шанси да направи пресврт во проблемите со глобалното затоплување. Од друга страна, вложувањето во зелена енергија за компаниите претставува долгорочно и стабилно решение од економска гледна точка.

Една од причините за ваквиот развој на настаните е тоа што станува збор за технологија, а не за природен ресурс кој што се исцрпува од земјата. Очекувано е кај соларната и кај енергијата добиена од ветрот, ефикасноста со текот на времето да се зголемува додека истовремено цената да паѓа. Што не е случај и со фосилните горива коишто може лесно да поскапат доколку се намалат нивните резерви.

Кога станува збор за ефикаснонста, радува фактот што ефикасноста на соларните панели порасна од 15% на 22% во последниве пет години, додека пак ефикасноста на турбините на ветер порасна од 25% на дури 50% во последниве десетина години. Споредено по континенти, Азија е прва во производство и користење на зелена енергија според светскиот економски форум.

Извор: CSMonitor, Bloomberg

Претходна статијаLenovo ја освежува ThinkPad линијата со нови Intel Kaby Lake процесори и Precision тачпади
Следна статијаCore i7-7700K Kaby Lake процесорот може да се „клокне“ над 7 GHz со ладење од течен азот