Обновливата енергија доживува огромен раст во последната декада, особено кога станува збор за соларната. Предвудувањата се дека овој вид на енергија ќе продолжи да се подобрува во иднина, односно цената ќе паѓа, а ефикасноста ќе се зголемува. Се очекува во иднина токму зелената да стане лидер на полето на снабдување со електрична енергија во повеќето земји во светот.

Денес во многу држави соларната енергија е на пола цена од енергијата добиена од гас или од јаглен. Од друга страна соларната е поевтина и од енергијата добиена од ветерници. Сепак во некои неразвиени држави цените се се’ уште високи, но радува фактот што се во постојано опаѓање. Колку повеќе изградени проекти за добивање обновлива енергија, толку поевтина енергија за секого.

Опаѓањето на цените доведе до имплементирање во држави како што се Чиле, Бразил, Индија, Јужна Африка. Кина на пример толку сериозно ја сфати зелената енергија што стана еден од глобалните лидери во светот на ова поле. Сите останати држави се очекува да се префрлат на користење обновлива енергија во иднина, само што во некои е прашање на време кога.

Не само соларната, туку и енергијата добиена од турбини на ветер добива на популарност во светот. Се отвораат таканаречени фарми за ветерници, една таква фарма пред скоро време се стави во употреба во САД.

Нареден чекор во комерцијализирање на обновливата енергија е таа да стане достапна за секого, особено за граѓаните во неразвиените земји..

Извор: TrendInTech, EcoWatch

Претходна статијаРазвој на процес за складирање на летната топлина и употреба на истата во зима
Следна статијаКои се предностите и недостатоците на „оверклокуваните“ компоненти