На почетокот од месецот Oppo, па веднаш после тоа и Xiaomi, најавија дека имаат нови решенија кои ќе овозможат селфи камерата да се постави под екранот и истата да не се гледа. Со ова се трга потребата од ставање на камерата во посебни исечоци, дупки или посебни механизми кој ја прикажуваат по потреба.

Сепак, овие компании не излегоа со информација на кој начин функционира оваа нивна технологија, како и тоа кога можеме да очекуваме уреди на пазарот користејќи го ова одлично, барем на „хартија“, решение.

Еден од потпретседателите на Xiaomi, Венг Шианг, преку Twitter објави неколку слики, односно слајдови, преку кои објаснува на кој начин го имаат постигнато тоа што го претставија пред некоја недела.

Од ни се гледа дека во делот каде што е камерата, поставен е посебен слој од екранот којшто е доволно проѕирен за да може да ја пушти потребната светлина, а посебно кога тоа е потребно, а сепак може да ја прикажува сликата, кога камерата не се користи. Сепак ќе треба некогаш во иднина повеќе детали да дадат околу ова.

„Составните технологии кои беа развиени „во куќата“, сите нови посебни карактеристики на екранот, вклучуваат мала површина со проѕирен екран, кој е направен користејќи специјално ниско-рефлективно стакло со висока способност за пренесување на светлина. Кога не се користи камерата, проѕирниот екран функционира како обичен, овозможувајќи содржината да биде целосно прикажана“. – истакнува Шианг.

Камерата најверојатно од одредени агли повторно ќе може да се види малку, но верувам дека додека поголемите брендови, како Samsung, претстават телефон со вакво решение, тоа ќе биде дополнително „средено“.

Слојот од екранот којшто е поставен над камерата, односно тој којшто е посебно развиен, во исто време се користи и како леќа со што се овозможува да нема потреба од додатни делови, но и подобро пренесување на светлината.

ИЗВОРPCMag
Претходна статијаSamsung ќе ја најави новата дата за продажба на Galaxy Fold во неделите што следат
Следна статијаТелеком МК апликацијата подобренa и со нови функционалности
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.