cml45hzfgdspkzu09jgz

3Д печатењето е најновата технолошка хистерија и изгледа дека наскоро ќе стане многу прифатливо и за обичните луѓе да си печатат по дома топки, велосипеди и калашникови. За жал, обично ваквите печатачи немаат опција да нанесат графичка слика на површината на испечатените објекти, па тие изгледаат во најмала рака – блунтаво и недефинирано.

Напомош доаѓа Xerox со нивниот најнов производ кој ќе може да помогне во тие ситуации. Имено, се работи за печатач наречен Direct to Object Inkjet Printer кој, како што кажува името, може да печати слика, текст и сите стандардни активности на регуларните печатачи, директно врз објектот, како и да изгледа и да е поставен.

Тоа би значело дека дури и нерамни површини со чудни агли во 3Д простор не се надвор од дофат на DOIP. Објектот го сместувате внатре во печатачот, а тој со посебни алгоритми и препознавачи на форми осигурува дека сликата нема да биде изместена или на било кој друг начин дисторзирана. Дури ниту површини со текстура не се проблем – со оглед на тоа што тој може да печати со резолуција од 300 до 1.200 точки по квадратен инч.

Печатачот е исто така и многу брз, па може да „среди“ до 30 објекти во час, што е за поздравување (особено кога ќе ми текне дека првите dot matrix печатачи ги чекавме со минути да испечатат 10 линии текст, притоа квичејќи и патејќи од болка дека мораат баш во тој момент да работат).

DOIP е наменет за фабрики и други производствени погони, но ако имате вишок 145.000 долари може да биде и ваш.

Дополнителни информации: Gizmodo, Engadget, Xerox

Претходна статијаНовиот Google+ дизајн вклучен за сите корисници
Следна статијаWindows 10 замрзнува после Anniversary Update? Еве како да го решите проблемот