Една од главните работи што може да ја зголемат продажбата на електрични автомобили во светот е секако олеснувањето на нивното користење. WiTricity во соработка со General Motors работат на најновата иновација која може да доведе до такво олеснување. Кога се во прашање WiTricity, не е многу тешко да се претпостави дека се работи за безжично полнење на електрични возила.

Ова е голем предизвик за еден од лидерите на безконтактното полнење на батерии, затоа што се прва компанија која што работи на стандардизирање на овој механизам. Ова значи дека нивниот производ ќе може да го полни секое електрично или хибридно возило без разлика на нивниот производител. Мора да функционира на сите постоечки автомобили од оваа класа како и на сите идни кои што допрва доаѓаат.

За разлика од досега, корисникот нема потреба да го поврзува возилото со кабел туку само треба да го паркира на вистинското место за автоматски да почне да се полни. Овој производ се планира да се користи пред се на јавни паркинг места но тоа не ја исклучува можноста да се користи и во гаражи за приватни потреби.

Toyota и Delphi – еден од главните добавувачи на General Motors, веќе работат на потребната документација за лиценцирање на овој производ. Се претпоставува дека томку овој производ ќе го направи користењето на електричните автомобили полесно и со тоа ќе ги приближи до купувачите.

Извор: WiTricity, Engadget

Претходна статијаСпремете се за полагањето на тестови за возачка со оваа Android апликација
Следна статијаЗошто е добро враќањето на AMD со новите Ryzen проесори