network-782707_640

Најпознатиот стандард за локално вмрежување, помеѓу надорот познат како Wi-Fi, продолжува да се развива и да ги следи последните трендови во телекомуникациите. Со најпознатиот стандард IEEE 802.11g, производителите на Wi-Fi Alliance, успеа за кратко време да го внесе интернетот во нашите домови, а воедно и да ни даде слобода на движење и пристап до интернет не само од фиксните уреди, туку и од мобилните уреди.

Расвојот на нови IEEE 802 стандарди продолжува, форсиран од страна на Wi-Fi Alliance со цел да се следат светските текови и потребите на граѓаните. Со стандардизирањето на IEEE 802.11ac на корисниците им се овозможи да имаат пристап до локалната мрежа со високи брзини, притоа користејќи го ISM нелиценцираниот опсег од 2.4GHz и 5GHz. Максималните брзини кои беа овозможени со овој стандард се движат до 866.7 Mbps при користење на максимален опсег од 160MHz.

Подоцна развојот на IEEE 802 стандардот продолжи во насока на дефинирање на стандард за искористување на телевизискиот опсег, односно дефинирање на стандардот IEEE 802.11af. Со тоа се овозможи користење на телевизискиот опсег, кој се ослободи при преминот од аналоген телевизиски сигнал во дигитален телевизиски сигнал. Овој стандард ги отвори апетитите на Wi-Fi Alliance за искористување на фреквенциите под 1GHz, со што би се отвориле вратите за креирање на голем спектар технологии и сервиси.

Друг стандард кој би ги користел фреквенциите под 1GHz, кој се очекува да биде завршен оваа година е IEEE802.11ah. Со овој стандард се предвидува искористување на нелиценцираниот опсег од 900MHz за да се вмрежат IoT уреди. Имајќи ги во предвид потребите на овие уреди ваквиот стандард дефинира дополнително опсези од 1MHz, 2MHz и 4MHz, со помали предавателни моќности, притоа постигнувајќи помали брзини кои се оптимални за IoT уредите.

Покрај овие карактеристики, главно обележје на овој стандард ќе биде можноста за работа на 2.4GHz и 5GHz, со спецификации како кај IEEE 802.11ac. Тоа би значело интегрирање на уредите кои имаат потреба од големи брзини и оние кои имаат потреба од мали брзини, но имаат ограничено напојување, во една мрежа. Дополнителна предност на IEEE 802.11ah стандардот, покрај намалената предавателна моќност и намалената потрошувачка на енергија на уредите напојувани од батерија, е и поголемиот опсег на покривање, кој се зголемува двојно во однос на стандардното Wi-Fi покривање, што е последица на користењето на 900MHz опсег.

Дополнително кон развојот и распространувањето на IoT уредите е и последниот чекор на Wi-Fi Alliance, а тоа е додавањето на нова екстензија на IEEE 802.11ah стандардот, именувана како HaLow, наменета исклучиво за овие уреди. Оваа екстензија ќе овозможи користење на 900MHz нелиценцираниот опсег, во канали од 1MHz, 2MHz и 4MHz, притоа постигнувајќи максимални брзини помеѓу 150kbps и 18Mbps и опсег на покривање до 1 километар. Користењето на овој опсег овозможува помала потрошувачка на енергија, поголем опсег на покриеност, помали протоци кои се оптимални за потребите на IoT уредите, и воедно полесно пробивање на пазарот преку интензивно комерцијализирање на новоразвиените IoT уреди. Првите уреди кои ќе бидат сертифицирани под овој стандард се очекуваат да излезат во 2018 година.

Повеќе информации: PCWorld, Engadget, TNW

Претходна статијаЗошто вонземјаните нè избегнуваат?
Следна статијаНови, реални фотографии и видео од Galaxy S7