Иако веќе читаме за имплементација на 5G безжичната технологија која скоро може да ги замени и оптичките мрежи за пристап до интернет на крајните корисници, сепак „старата“ Wi-Fi технологија останува незаменлива за одредени ситуации.

За разлика од 5G, која се користи за директен пристап до услугите, Wi-Fi мрежата се користи за поврзување на уредите со едно централно место, како точка од која се пристапува до интернет или други сервиси на таа локација.

Wi-Fi Alliance најави дека работат на најновата генерација од стандардот, која треба да стане достапна од идната година, а на корисниците ќе им донесе неколку подобрувања од претходната. Подобрувањата на Wi-Fi 6, како што ќе биде наречен стандардот, односно Wi-Fi ax, се следните:

  • Повисока стапка на трансфер на податоци
  • Поголем капацитет
  • Подобри перформанси во „густи“ околини, како на пример настани, натпревари и слично
  • Подобра енергетска ефикасност која ќе овозможи помала потрошувачка на батерија кај мобилните уреди

Од Wi-Fi Alliance истакнуваат дека новиот Wi-Fi стандард е во тек со барањата на корисниците во ова модерно време, па ќе се овозможи подобро стримување на Ultra High Definition филмови во домовите, односно преку домашната мрежа, како и многу подобро поврзување на корисниците на местата како аеродроми, настани и слично.

Она што е ново кај новата генерација од Wi-Fi стандардот е и начинот на којшто ќе се означува, односно именува. Иако во позадина ќе останат досегашните ознаки како n, ac, па најновата ax, во преден план ќе стојат бројките на генерацијата.

Така, најновата генерација ја носи ознаката Wi-Fi 6, претходната ac ја носи бројката 5, односно пред таа n ја носи бројката 4. На овој начин корисниците многу полесно ќе можат да познаат дали нивниот уред го има најновиот Wi-Fi стандард, односно многу полесно се памти бројка, отколку досегашните ознаки.

ИЗВОРWi-Fi Alliance
ИЗВОР 2gHacks
Претходна статијаКои се главните новини во Windows 10 October 2018 Update?
Следна статијаGoogle има нова апликација за користење на Androdi само со гласовни команди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.