Autodesk VRED Professional 2017 SR1

Google уште во месец мај оваа година соопшти дека соработува со автомобилската корпорација Fiat Chrysler Automobiles со цел создавање на автономни возила. Конечно после неколку месеци поминати во исчекување, можеме да видиме што произлегло од оваа соработка. За да нема забуни, позади овој производ стои името Waymo, компанија која што се осамостои од Google и стана посебен дел од Alphabet групацијата.

Ова возило е всушност Chrysler Pacifica Hybrid модел, кој е модифициран за потребите на компанијата и се очекува на почеток да се произведат 100 вакви возила. Нивното тестирање ќе започне на почетокот на идната година. Waymo може да помине околу 50 километри користејќи само електрична енергија. Опремено е со најновиот систем за самоуправување, нови сензори, целосно нов компјутерски систем и многу други компоненти.

Измени има и во моторот, шасијата како и целосната структура на возилото, се со цел да се олесни инсталирањето на новите технологии и уредите од Google кои тежат повеќе и трошат повеќе електрична енергија. Можеби не делува премногу гламурозно, сепак целта на создавањето на ова возило е да се воспостави една силна врска помеѓу купувачите и автономните возила кои се неизбежен дел од нашата иднина.

Имено Google во 2014 за прв пат претстави автономно возило без волан, гас педала, ретровизори итн. Оттогаш, па навака неколку компании се приклучија кон оваа новосоздадена автомобилска гранка со цел нејзино усовршување.

Извор: Waymo, VB, Engadget, TechCrunch

Претходна статијаАвион кој ќе лета од Лондон до Њујорк за 20 минути
Следна статијаСупер лесните Notebook 9 лаптопи на Samsung добиваат Kaby Lake процесори