VR

Друштвените мрежи веќе постојат десеттина години и тие дефинитивно го сменија начинот на кој комуницираме. Денес, со само неколку кликови сме информирани за се’ што им се случува на нашите најблиски, пријателите, како и генералната состојба во околината во која живееме и случувањата во светот.

Порано, се знаеше, мораш да отидеш и да купиш весник, затоа што многу немаа компјутери или немаа Интернет. Па и тоа не е некоја предност, зошто дури се вчиташе страната или се испроцесираше барањето на Google, беа потребни векови (фигуративно кажано). Сите што сте имале компјутер во деведесеттите или почетокот на новиот милениум, знаете како ни беше.

Со доаѓањето на VR и AR технологиите се чини дека сме на повидок на нова револуција во електронските интеракции. Facebook, иако несакано се прослави со нивните бројни скандали за кои пишувавме изминатиов период, го виде овој потенцијал и вложуваше огромни средства во VR. Дури и самиот Zuckerberg се изјасни дека “со VR ќе се развие најголемата друштвена мрежа и дека најдоброто допрва доаѓа”.

Засега, не постои огромен интерес за VR сетовите. Од пуштањето на Oculus, гејмерите беа најбројната публика која плаќаше за ваквите уреди. Како и да е, многу лидери од индустријата сметаат дека “реалните искуства” кои ги овозможува VR, ќе донесат многу нови корисници.

Јас искрено, воопшто не се сомневам во тоа. Мислам, да бидеме реални, денес друштвените мрежи и апликации овозможија апсолутно се’ да ни е на дофат. Сакате да одите во странство? Нема проблем, тука е Google Street View, тука се групите на Facebook каде луѓе споделуваат искуства што и како да посетите. Имате некој што работи вон Македонија? И ова е надминлив проблем, имате еден тон апликации за четување, видео и аудио разговори. А тек што би значело за нас кога би имале илузија дека личноста или работите кои сакаме да ги видиме се буквално пред нас, во 3D?

Ќе ве оставам да размислите.

“Најдоброто допрва доаѓа”.

Претходна статијаДедпул 2: подобар од првиот?
Следна статијаЗаврши уште едно успешно издание на проектот Лидер во организација на Македонија2025