Ерата на зелениот транспорт започнува, особено во земјите од западна Европа. Ова се однесува пред се за Холандија која што успеа, една година пред планираното, сите електрични патнички возови да ги напојува со електрична енергија добиена од ветерници. Во 2015 година властите во оваа држава објавија дека планираат до 2018 година возовите целосно да се снабдуваат со обновлива енергија, но сето ова се случува заклучно со 1 јануари 2017. Тоа се должи пред се затоа што енергијата се добива од ветерници во државата, како и ветерници во Белгија и Финска, претежно ново изградени, а некои од нив изградени и пред планираниот рок.

Возовите во Холандија превезуваат околу 600.000 патници дневно, а при тоа трошат 1,2 милијарди kWh електрична енергија годишно. Ова количество на енергија може да се спореди со количеството што го трошат сите домаќинства во град како што е Амстердам. За толкава бројка на патници потребни се околу 5.500 релации дневно низ целата држава. Една турбина на ветер може со еден час работа да обезбеди енергија за близу 200 километри пат.

Овој успех што е постигнат во Холандија се очекува да ги инспирира и другите држави да се насочат кон слични проекти. Една од тие држави секако е и САД. Од друга страна, компаниите во Холандија работат и на заштеда на енергија, односно планираат да ја намалат потрошувачката на возовите за 35% до 2020 година што секако ќе придонесе за уште поголем ефект на обновливите извори.

Извор: Inhabitat, Engadget

Претходна статијаCreators Update ќе донесе позитивни промени во приватноста за Windows 10 корисниците
Следна статијаДоаѓа првиот Godzilla аниме филм