volvo-coredless-charging

Безжичното полнење не е нешто ново, истото се користи за полнење на одредени уреди во домаќинството, а доби на популарност со новите Lumia модели од Nokia. Конкретно се работи за технологија која врши пренос на енергија преку креирање на електромагнетно поле наместо преку користење на кабел. Поточно индуктор создава наизменично електромагнетно поле од извор на електрична енергија, па втор индуктор кој се наоѓа во уредот што треба да биде наполнет ја прима енергијата од електромагнетното поле и ја претвора повторно во електрична енергија која ја полни батеријата. За преносот на енергија да биде успешен потребно е двата уреди да бидат поставени на многу мало растојание помеѓу себе.

Од Volvo сакаат оваа технологија да ја применат во полнење на електричните автомобили. Моментално сопствениците на електрични автомобили ги полнат батериите со приклучување на колата со кабел на извор на електрична енергија. Со користење на индуктивното полнење, уред ќе биде поставен на местото каде што се паркира автомобилот и корисникот нема веќе да треба да приклучува кабли. Со самото поставување на колата над полначот, полнењето започнува автоматски. Исто така со користењето на оваа технологија, Volvo имаат успеано да ја наполнат целата батерија на моделот C30 за 2,5 часа.

Претходна статијаFirefox 25 достапен за симнување
Следна статијаНова редизајнирана Facebook Messenger апликација
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.