Како и многу други автомобилски компании така и Volkswagen својата иднина ја гледа во електричните и автономните – безпилотни возила. Доказ за ова е неодамнешната најава од овој германски гигант за најновиот концепт кој го подготвуваат. Овој автомобил според најавите би бил препознатлив по многу работи, а особено се истакнува воланот кој би функционирал како во научно фантастичните филмови.

За што станува збор. Имено самиот волан би се вовлекувал / испакнувал со притискање на знакот на Volkswagen. Со тоа би се оставало повеќе простор за возачот кога возилото е паркирано и во мирување, при самото влегување или излегување на возачот од автомобилот или пак додека вози на автопилот. Кога е автономното возење во прашање, повлекувањето на воланот ќе придонесе возачот повеќе да се чувствува како патник, поудобно и покомотно.

Можеби сме далеку од возила со ваков волан на нашите патишта, но радува начинот на кој што Volkswagen размислува за иднината. Овој автмобил спаѓа во фамилијата на I.D. возила која беше претставена во Париз. Електричен мотор базиран на новата модуларна електрична база (MEB) на Volkswagen ќе биде вграден во овој модел.

Формата на овој Volkswagen се очекува да биде инспирирана од модел кој првично бил претставен во далечната 1950 година.

Повеќе детали за овој концепт компанијата ќе објави на шоуто за автомобили во Детроит кое се одржува од 8-ми до 22-ри јануари 2017 година.

Извор: TheTechPortal, TechCrunch

Претходна статијаОтсега Raspberry Pixel оперативниот систем може да се инсталира на Windows и Mac
Следна статијаВо Франција пуштен во употреба првиот соларен пат