war-russia-vs-usa

Тие кои се заинтересирани за воена технологија и опрема веројатно често дошле до ситуација да ги споредуваат борбените способности на трите најмоќни светски армии – таа на САД, руската и кинеската. Понекогаш во некој конфликт ќе видиме употреба на некои оружја кои не` изненадуваат со својата способност за уништување на целите (на пример, како LaWS или руските егзоскелети) или за изненадување на непријателот.

Кога веќе се работи околу изненадувањата, и САД и Русија имаат спремни интересни оружја кои можат да направат големо разорување на можноста на другиот. Еден (веројатно многу мал) дел од нив можеме да ги видиме на YouTube каналот Armed Forces Update кој има анимации на ваквите оружја.

Изненадувањето на САД – LRASM

LRASM е кратенка од Long Range Anti Ship Missile. Се работи за проектил хибрид со беспилотно летало кое има способност или автоматски или под контрола на војската да пронајде цели, избегне откривање и уништи.

Самиот проектил може да се лансира од повеќе различни воени возила, како на пример, авиони, бродови или носачи на авиони. Потоа, тој активира крилја кои му помагаат да лета кон точната локација. Претходно ситуацијата на военото поле е испитана преку најразлични сензори од сателити, други летала, радари и слично, при што е утврдено каде точно се наоѓа непријателот.

На краток домет од местото на полетување LRASM проектилот е воден со директна комуникациона врска (веројатно преку светлина или ласер) од неговиот лансирач, а потоа може да биде воден од друг, на пример од сателитот или од борбен авион. Ако биде оставен сам на себе тој има способност да изгради мапа и патека на движење и да заобиколува непријателски оружја и единици кои би можеле да го откријат.

Исто така тој може да одбере цел и да одбере точна позиција каде да ја погоди целта. По одредување на овие информации тој се спушта на висина под радарот и потоа се судира со целта, експлодирајќи во процесот и потопувајќи брод. Целиот процес можете да го видите на видеото погоре.

Изненадувањето на Русија – камуфлиран квадкоптер

Од друга страна, руската војска е далеку поезотерична и не открива каква технологија поседува. Без разлика на тоа, од неодамнешните воени конфликти можеме да забележиме дека тие исто така поседуваат супермодерни средства за напад и одбрана (како на пример, беспилотни летала, ласерски наводени системи, паметни бомби итн.) кои скоро никогаш не ги рекламираат по документарни и други филмови.

Изненадувањето на Русија во овој случај е специјален вид на квадкоптери со различни димензии и способности кои се одлично камуфлирани во камиони или приколки за возила. По пристигнувањето на клучна локација која е релативно блиску до одредена точка на акумулирана непријателска опрема (на пример, воена база), камионот се инцира преку таблет и се претвора во застрашувачки квадкоптер со секакви оружја на себеси.

Тој започнува да лета, ја бира целта и прави „р`шум“ пред себе на општо изненадување на непријателот. Ваквите квадкоптери се дизајни на турската компанија за воена технологија во руска сопственост Дахир Иншат, која работи на разни роботски и автономни концепти за оружја. Идејата позади концептот можете да ја видите на второто видео погоре.

Се чини дека двете суперсили имаат доста да употребат и покажат во борба и можеме само да се надеваме дека никогаш нема да влезат во (директен) воен конфликт меѓу себе. Имајте предвид дека тоа што можеме да го видиме е само мал дел од постоечката технологија која љубоморно ја чуваат и кријат од очите на „непријателот“ и јавноста.

Извор: Youtube 1, 2, Новости.ру

Претходна статијаMicrosoft ги претстави Lumia 950 и 950 XL, со можност да се користат како Windows 10 компјутери
Следна статијаFacebook ќе претстави универзални апликации за Windows 10