unnamed-1-20

Веќе неколку пати тука на Смартпортал сме покривале воена технологија, која што најчесто доаѓа од технолошки најразвиените земји на светот како Русија, САД, Германија, Кина, В. Британија, Франција и така натаму.

Во тие рамки досега имаме известувано за оклопни транспортери кои се возат со џојстик (Курганец-25), ласерско оружје на САД и Кина, самонаведувачки куршуми и така натаму.

Овој пат имаме нов брод во класата „Уништувачи“ кој што беше пуштен во тест фаза кај морнарицата на САД. Можеме да кажеме дека USS Zumwalt е прилично футуристичен во изглед и функционалност. Дизајнот има неколку специфичности. Предниот дел од трупот е обратно насочен од стандардните дизајни, со делот кој ја сече водата понапред од палубата. Со ваквата изведба се овозможува помал отпор на водата и подобри пловни карактеристики.

unnamed-94

Површината на бродот е направена да го понишува ефектот на радарските зраци, па бродот би требало да биде тежок за лоцирање (но не невозможен). Исто така, тој е доста тенок што му ја намалува стабилноста, но му ја зголемува брзината и маневрибилноста.

Од аспект на тоа што ќе биде внатре во него, тој ќе биде опремен со најсовремени сонари и радари, проектили, топови и напреден систем за автоматизација кој ќе овозможи да биде управуван од многу помал екипаж. Впрочем, веројатно ќе може да се управува како на видео-игра, а за патеката која треба да ја постигне ќе може да се стави во мод на „автопилот“.

Цената на изработка е 4,4 милијарди долари, а по фазата на тестирање се очекува да влезе во употреба во 2016 година. Ние би сакале да се провозиме на палубата на ова огромно чудовиште кое тежи 15.000 тони за да ја осетиме ѕверската моќност под нас.

Извор: Ubergizmo, Business Insider

Претходна статијаНеофицијални слики и информации за Xiaomi Mi5, еден од првите телефони со Snapdragon 820
Следна статијаSurface го надмина iPad во онлајн продажба за месец октомври