Електричните автомобили веќе со сигурност може да се каже дека ќе бидат иднината на овој вид на превоз. Во денешно време ги гледаме првите вистински почетоци на тоа што ќе следи преку неколку компании кои специјално развиваат вакви автомобили, а и поголемите производители веќе полека се приклучуваат.

Се разбира, најпознатиот бренд кога се работи за електрични автомобили стана Tesla, па кога ќе се споменат овие автомобили, прво се помислува на оваа компанија.

Тоа не значи дека нема и други компании за кои најверојатно повеќето од нас немаат слушнато за нив, но работат на развој на конкурентни модели на Tesla.

Една од тие компании е шведската Uniti која овој месец го претстави својот прв автомобил. Интересното со оваа компанија е што таа е стартап специјално започнат со цел развој на компактен и модерен градски електричен автомобил.

Uniti One е името не нивниот прв автомобил и тој ќе се продава по цена од 14.900 евра за основниот модел. Ова е цена која што ќе го направи овој автомобил достапен за поголемиот број на купувачи, а посебно во западниот свет.

Овој автомобил може да помине до 300 километри со едно полнење, што не премногу, меѓутоа кога ќе се земе цената во предвид, ова сепак не е лоша километража. Исто така тој доаѓа со технологија за брзо полнење која му овозможува можност за поминување на 200 километри со 30 минутно полнење на батеријата.

Внатрешноста на Uniti One е исто така интересна. Може да се каже дека се работи за вистински автомобил на иднината исполнет со екрани и површини на допир кои го помагаат возењето и контролата на автомобилот.

Извор: Uniti, Inhabitat, Curbed

Претходна статијаAIO Launcher – различен Android Launcher за корисниците кои не сакаат некој посебен дизајн
Следна статијаПрезентација на бизнис идеите на учесниците во CEED HUB Скопје
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.