hsr.jpg.size.xxlarge.letterbox

Дошле гости, а со нив донеле разурнувачки настроени деца кои направиле „партали“ од играчките кои сте ги ределе цел ден. Тие се расфрлани насекаде, вас ве мрзи да ги кревате (или имате проблем со кичмата), и се мислите како ќе го решите овој проблем.

На ваквите маки им доаѓа крај бидејќи Toyota само што го представи својот најнов робот наречен HSR (Human support robot). Овој робот на себе има неколку камери и „рака“ со која може да подига мали предмети од земјата и други места и да ги остава на место, или да ви ги носи вам. Роботот дополнително има панел за контрола преку кој може да се сурфа на Интернет, а може да се управува преку телефон претворајќи се во подвижна камера.

HSR секако може да се користи и во канцеларија, во детски игралишта, градинки и на други места. Неговата силина е да подигне работи тешки до 1,2 килограми, што значи нема да можете да го користите да ви пазари во продавница преку викенд, но секако можете да му наредите да ви го донесе далечинскиот управувач – или лименка пиво.

Ваквиот робот особено ќе дојде од помош за луѓе кои, како што спомнавме погоре, имаат проблеми со кичмата или други делови од телото. Сепак, на луѓето нема да им биде незгодно да му наредат на HSR да им донесе или подигне некоја работа, за разлика од барање истото да го направи друг човек.

Цената засега се` уште не е позната, но со текот на времето секако се очекува да биде прифатлива за домаќинствата и канцелариите.

Извор: AP News Archive, The Star

Претходна статијаAwareCar – личен локатор за автомобилот
Следна статијаЕве кои Lumia телефони (први) ќе добијат надградба на Windows 10