На Smartportal често ги споредуваме надоаѓачките технологии со научната фантастика, токму затоа што највозбудливите технолошки трендови во моментот се обидуваат да доловат концепти и идеи предложени од замислите на различните Sci-Fi писатели.

Еден од многуте трендови инспириран од светот на фантазијата е трендот на нови и иновативни начини за контрола на нашите електронски уреди, биле тоа нашиот телевизор, мобилен, конзола или компјутер. Во последните години најпознати примери беа Kinect и Sony Move, каде играчката конзола препознава гестови на вашето тело и така можете да ја контролирате играта.

Во поново време почнаа да стануваат популарни и најразлични 3D тракери кои препознаваат кога мавтате во воздухот со вашите раце, и така можете да го контролирате вашиот лаптоп или мобилен без да допрете ниту екран, ниту маус, ниту тастатура.

Сега доаѓа нешто сосема ново, а тоа е визијата на шведската фирма Tobii Technology. Нивната замисла е да можете да ги контролирате вашите електронски уреди само со поглед, односно само со вашите очи…

Луѓето кои ја следат технологијата се запознаени со оваа фирма бидејќи за нивната технологија и идеи се шушка веќе подолго време. Tobii во последните години само правеа најразлични презентации за медиумите каде се фалеа и пробуваа да доловат што е можно со нивната кул технологија – како на пример презентации каде може да се контролира еден лаптоп само со погледот.

tobii-steelseries-eyex-gaze-tracker-2

Сепак во сето тоа време се прашувавме дали тоа ќе влезе во некаков производ кој може да се купи во продавница. Впрочем лани излегоа гласини дека Samsung Galaxy 4 ќе има вградена технологија од Tobii, но тоа се покажа како неточно.

Причината поради која сега пишуваме за Tobii е затоа што конечно е на повидок производ базиран на нивната технологија. Првиот производ е во соработка помеѓу Tobii и SteelSeries (компанија специјализирана во гејмерски производи).

tobii-steelseries-eyex-gaze-tracker-3-620x313

Производот се нарекува Eyex и се очекува да излезе некаде во средината на 2014-та година. Сеуште не е позната цената ниту колку игри ќе го подржуваат овој производ. Во теорија производот нуди стотици интересни и возбудливи можности. Можете во играта да го насочите пиштолот само со поглед, можете во NBA игра со поглед да покажете на кого ја подавате топката или во RPG игра со ширење на зениците да го погледнете карактерот со кого сакате да почнете разговор.

Секако можностите на ваквата технологија се огромни и надвор од гејмерство, на пример да читате Kindle книга и само со поглед да ги менувате страниците или зголемувате фонтот, а таква примена се најавуваше дека ќе може да се види во лаптопите на Intel.

Впрочем уште во 2012-та Intel инвестираше 21 милион во Tobii, и сите се прашувавме која им е целта. Во 2013-та најавија дека најверојатно ќе извадат лаптопи со вградени Tobii сензори, но ете сега во 2014-та Intel на CES демонстрираат лаптопи со т.н. real-sense технологија што го скенира целото тело, па така сеуште не е јасно дали и кога ќе има лаптопи или мобилни со вградена Tobii технологија.

Претходна статијаTao WellShell – Нов тип на фитнес помагало
Следна статијаWithings сака да ви помогне со спиењето