d0f5fcf269208e5a0df59910612aa084_original

3Д принтањето станува се поактуелно и се повеќе употребувано, но сите 3Д принтери досега се соочуваат со еден ист проблем – калибрација. Бидејќи се составени од повеќе движечки делови кои лесно можат да излезат од оригиналната оска, поголемиот дел од времето на 3Д принтерите се користи за калибрација наместо за работа.

Прочитај повеќе за „Што се можете да испечатите со 3Д принтер?“

Дизајнерите што стојат позади Tiko имаат за цел да направат 3Д принтер кој нема да има потреба од калибрација и ќе биде евтин и пристапен за сите, а воедно ќе изгледа добро. Tiko е направен од еден голем алуминиумски дел на кој се прикачени сите движечки делови со цел да не се декалибрираат со тек на работата, со што воедно се заменува употребата на лизгачи, Tiko има 3 механички раце кои работат заедно и се прецизни до големина од 50 микрони. Како дополнителен бонус просторот за притање е затворен од стакло, па така надворешните елементи нема да влијаат на квалитетот на принтот (претпоставуваме дека тоа не важи за механички вибрации).

1e4299a68d9432cdb64580282f067608_original

Дополнително, со Tiko нема да ви требаат кабли бидејќи работи целосно безжично и е врзан на cloud, така што вашите принтови не мора да бидат правени од дома и можете да активирате принт од каде сакате и кога сакате. Принтањето ви го олеснува и оптимизираниот софтвер кој работи директно од веб прелистувач.

Моментално Tiko има собрано 2.400.000 долари на Kickstarter што е 24 пати повеќе од оригиналната цел од 100.000 долари.

За повеќе информации посетете го Kickstarter профилот на Tiko или нивниот вебсајт.

Претходна статијаElephone ќе лансира ултра моќен телефон, кој ќе има “dual boot” со Android и Windows 10
Следна статијаUbuntu 15.04 официјално претставен