Американската компанија Ticketmaster, која мене лично не ми беше позната до оваа вест, најави дека планира да започне да користи технологија за препознавање на лицата со цел нивните клиенти да не мора да користат хартиени или електронски карти.

За оваа цел тие имаат започнато соработка со компанијата Blink Identity која ја развива оваа технологија.

Идејата е едноставна и навистина интересна и корисна. Картите кои корисниците ги купуваат преку оваа страна за разни настани, веќе нема да треба да се користат. Тие при купување на карта за настанот, ќе треба да внесат и сопствена слика, по што нивното лице ќе биде препознаено додека чекаат ред да влезат.

Од Ticketmaster тврдат дека оваа технологија овозможува препознавање на лицето за пола секунда и дека човекот не мора да гледа директно во камерата.

Можете само да замислите колку овој начин на влегување на настаните ќе направи разлика. Покрај тоа што веќе нема да мора да внимаваме на нашата карта, влегувањето ќе биде многу побрзо зошто целосно се исклучува човечкиот фактор на влезот.

Сепак, оваа новост не е позитивна за сите. Со оглед на тоа што живееме во време на се почеста злоупотреба на податоци, веднаш тука може да се види проблем со приватноста на корисниците.

Ticketmaster со ова ќе добие огромна база на податоци од своите клиенти која ќе вклучува и нивни слики. Ова ја отвора компанијата на потенцијални напади од хакери, како и влијание од властите.

Со оглед на тоа што на колку места веќе оставаме слики и информации за нас, нема ова да биде првата компанија која ќе ги има овие податоци за нас, па само ја прави уште една која потенцијално може да ја загрози нашата приватност.

ИЗВОРTNW
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаGoogle го претстави YouTube Music сервисот кој со тек на време ќе го замени Play Music
Следна статијаBritish American Tobacco и Царинската Управа на Република Македонија потпишаа Меморандум со цел спречување на нелегалната трговија со тутунски производи
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.