Елон Маск излезе на неговата омилена друштвена мрежа и начин на комуникација со јавноста, Twitter, да најави дека неговата компанија The Boring Company го заврши копањето на својот прв тунел.

Тунелот се наоѓа под Лос Анџелес и е замислен како тест којшто треба да го прикаже концептот на Елон Маск во реални услови. Тоа значи дека не се за покажување само „копачките“ способности на The Boring Company, туку повеќе во преден план треба да биде системот за транспорт којшто ќе се користи во тунелите кои ги копа оваа компанија.

Транспортниот систем на којшто работат од компанијата вклучува превоз на луѓе, но и возила, со голема брзина, далеку под сообраќајниот метеж којшто е секогаш присутен на улиците.

Веста дека е завршено со копањето на тунелот, односно машината на компанијата стигнала на другата страна, значи дека роковите кои се најавени најверојатно ќе бидат запазени.

Сигурно голем број на луѓе ќе се појават на промоцијата на овој проект, кога и ќе бидат овозможени тест возења за јавноста.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Engadget
Претходна статијаЕксклузивна премиера на продолжението на петтата сезона на „Викинзи“
Следна статијаInstagram почна да покажува колку време поминувате на апликацијата
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.