После претставувањето на соларните кровови на Tesla минатата година, редно е да се започне со продажба и монтирање на истите. Целта на компанијата беше да се создаде производ којшто ќе биде и ефикасен и естетски задоволителен. Уште на презентацијата на овие кровови можевме да се увериме дека успеале да го создадат вистинскиот производ. Кога овој кров на Tesla е монтиран на куќа или друг објект, воопшто не се забележува дека е соларен односно различен од другите обични кровови.

Една информација која сите ја очекуваме е секако цената на овие соларни ќерамиди. Според Елон Маск лесно може да се случи цената да биде пониска од цената на обичните кровови кои се користат и монтираат денес. Сепак официјална информација за цената се’ уште нема. Ќелијата внатре во соларните ќерамиди може да се забележи доколку се набљудува од посебен агол, но во никој случај не може да се забележи доколку куќата се набљудува од улица. Маск вели дека изработката на овие ќерамиди е специфична, така што сите готови производи се разликуваат еден од друг.

Овие соларни ќерамиди се многу поцврсти од обичните. Од компанијата велат дека на нив човек може да се движи исто како на асфалтен пат. Нивната цврстина е докажана во неколку наврати, дури и на самата презентација на истите во октомври минатата година. Соларните кровови на Tesla имаат вградени грејни тела за топење на снег во зимскиот период. Производството се одвива во Buffalo, New York.

Извор: BusinessInsider

Претходна статијаЕлектричната верзија на Honda Clarity со само 130 км опсег
Следна статијаSamsung Galaxy Book е “Surface Pro убиец” со моќни перформанси во тенко куќиште