Конечно се случи и промоцијата на соларниот кров, односно на ќерамидите коишто произведуваат електрична енергија, производ на компаниите Tesla и SolarCity. За разлика од другите соларни системи кои мора да бидат поставени над постоечкиот традиционален кров, овие нови панели се всушност кров во буквална смисла на зборот.

Ќерамидите се изработени од стакло, но не обично туку екстремно цврсто стакло кое е многу поцврсто од матерјалот од кој се изработени традиционалните ќерамиди. Основачот на Tesla, Elon Musk, на презентацијата на овој нов производ ги тестираше двата вида на ќерадмиди, се со цел да им ја покаже на присутните големата разлика во цврстината и издржливоста помеѓу двата производа. Од друга страна, производот на SolarCity може да издржи ветар со брзина од над 320 км на час (200 mhp).

Според Musk векот на траење на овој производ се проценува на околу 50 години. Голем акцент се става на изгледот на овој кров. Има четири различни дизајни, и за сите овие четири дизајни се смета дека имаат поубав изглед од класичниот кров кој се користи денес. Едно од најважните прашања е секако финансиското прашање. Според Elon Musk овој кров е всушност поефтина солуција од традиционалниот, односно крајната цена ќе биде пониска од цената што би ја платиле за класични ќерамиди, доколку сега градиме нов објект.

Се поставува прашањето колку време е потребно за овој производ да почне да се користи до таа мерка што конечно ќе стави крај на кризата со производство на електрична енергија, особено во неразвиените земји.

Претходна статијаСпоредба на Cloud Storage сервиси
Следна статијаЗголемување на продажбата на електрични возила во 2016