Една од главните карактеристики на електричните автомобили од Tesla е силното забрзување кое е многу поголемо од стандардните бензински и дизел автомобили. Ова посебно се однесува на моделите S и X, на кои во главно може да им конкурираат спортските автомобили.

За обичниот возач којшто е научен на возење на „обичен“ автомобил, забрзувањето од 0-100 за само 2-3 секунди може да се покаже како нешто што е тешко за контролирање, па возењето да го направи неудобно и ризично.

За да им го направи полесно и поудобно возењето на своите автомобиле на не толку „способните“ возачи, Tesla со најновата надградба на софтверот, воведе нов режим на возење којшто соодветно го има наречено Chill.

Кога возачите ќе го вклучат овој режим, автомобилот ќе има послабо забрзување и возењето ќе наликува повеќе на тоа во обичните автомобили.

Се разбира, возачите ќе може да го вклучат и стандардниот режим којшто ја ослободува целосната моќ на автомобилот, онака како што тој бил замислен во фабриката.

Извор: The Daily Dot, Inquisitr

Претходна статијаHTC U11+ требал да биде Pixel 2 XL, но Google во последен момент се одлучил на LG
Следна статијаКако да станете пилот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.