fbpx

Tesla заврши со изградбата на батерија од 100 мегавати во Австралија

Tesla штотуку ја изгради (убедливо) најголемата литиум-јонска батерија во светот, која се наоѓа во Австралија и која има за цел да ги реши проблемите со снабдувањето со струја во далечните региони на таа земја. Батеријата има капацитет од енормни 100 мегавати и може да снабдува 30.000 семејства (домови).

Идејата зад толку голема батерија е таа да ја собира енергијата од сонцето и пред се ветерот (Hornsdale Wind Farm) преку ден и потоа да може да ја испорача кога ќе падне мрак. Градењето на оваа батерија е одговор на се поголемите проблеми со снабдување со струја во пределот на Џејмстаун и Аделаида, каде треба да ги реши проблемите на тамошното население.

Интересно, Елон Маск се обложи на твитер дека ако оваа батерија не биде завршена на време, тој ќе ја плати лично целата сума за нејзина изградба. Сепак, Tesla успеа и сега најголемата батерија во светот е спремна за да ги напојува со струја околните жители.

Цената на батеријата инаку изнесува 114 милиони американски долари и е дел од напорите на властите во Австралија да понудат евтина и одржлива електрична енергија за граѓаните на Јужна Австралија. Изборот за изградба на батеријата на Tesla е инаку направен преку тендер, на кој учествувале преку 90 различни компании.

Извор: Mashable, The Verge, Engadget

Претходна статијаGalaxy S9 и S9+ ќе бидат претставени на CES во јануари
Следна статијаApple ќе лансира нов iPhone SE во 2018 година