Elon-Musk1

Автономните возила се иднината на автомобилизмот, барем на оној, општораширениот. Оваа технологија ветува доста, од значително намалување на сообраќајните несреќи, преку оптимизација на потрошувачката на гориво, до ослободување на час и половина дневно за потребите на сопствениците.

Tesla беше веројатно првата компанија која демонстрираше автопилот, но се’ уште во алфа верзија. Софтверот и хардверот се’ уште не се испеглани како што треба, а имаше и некои чудни „потези“ како кога возилото одбираше да направи опасно свртување во спротивната лента.

Сепак, според Елон Маск ова е сосем нормално и би можеле да очекуваме целосно функционирачки автопилот во нивните возила за две години отсега. Тој вели дека ги чека тешка, но достижлива работа која ќе опфаќа обем од неколку илјадници луѓе.

tesla-model-s-autopilot-main

Тој исто така со песимизам го коментира хакерот Џорџ Хоц кој во својата гаража „создаде“ автопилот. Имено, според Маск, ова е технологија која скоро невозможно да се постигне во гаража, по дома и со хакирање на хардвер бидејќи тоа би значело дека нема да биде доволно сигурна и способна да го превезе сопственикот од точка А до точка Б.

Заедно со автономните возила се појавуваат и разни типови на етички проблеми. Еден таков пример е проблемот на типот на софтвер кој би се вградил во таквите возила и дали истиот треба да се труди да го зачува здравјето на сопственикот или некој човек кој излетал пред возилото на патот. Како и со секоја друга технологија, луѓето каскаат зад решавањето на етичките проблеми и ги ставаат во фокус само ако настане голема несреќа од нив, нешто што веројатно ја покажува нашата незрелост како цивилизација.

Извор: TechTimes, Mashable

Претходна статијаGalaxy S7 сепак ќе има две варијанти – S7 и S7 Edge, а ќе има и скенер за зеницата на окото?
Следна статијаИскористете ја шансата и заштедете – Уште 2 дена од neoCloud новогодишната промоција