Компанијата Tesla веќе извесно време работи на подобрување на нивниот автопилот систем. Како што е познато, тие се служат со мрежа за неврално изучување која ќе понуди поголемо ниво на безбедност и перформанси. Првиот човек на компанијата, Елон Маск е убеден дека нивните производи поседуваат најнапреден AI на пазарот.

Според видеата кои се појавија неодамна, може да се рече дека Маск е во право. На видеата може да се забележат автомобили Model S и X како навигираат по свиоците со математичка прецизност. Иако концептот на автопилот не е нов, Tesla предничи со унапредување на истиот. Луѓето се’ уште не се привикнати на овој начин на функционирање и секогаш постои извесна доза на резерва. Таквиот став го оправдуваат и низа инциденти кои се случија токму на тестирањата на автопилотот.

Подобрувањата се должат на новите сензори кои овој пат ги развива самата компанија. Претходно, добавувач беше компанијата Mobileye, со која Tesla потполно ја прекина комуникацијата. Изгледа новите сензори нудат навистина поквалитетно корисничко искуство, штом задоволните сопственици на Tesla избрзаа да се пофалат со перформансите.

ИЗВОР 2BGR
Претходна статијаAirbus ќе чисти вселенски отпад со помош на харпун
Следна статијаFBI откри „докази“ за руски сајбер напади, токму на денот на претседателските избори