Иако Tesla, како и повеќето компании кои имаат вакви системи, истакнува дека Autopilot системот не е автономен систем кој може целосно да биде оставен самиот да го управува возилото, голем број на возачи тоа не го разбираат баш како што треба.

Во основа, Autopilot системот е наменет да ја одржува брзината на возилото, да менува ленти, да внимава на сообраќајот пред возилото, меѓутоа сето тоа го прави со потребата да возачот никогаш не ги тргне рацете од воланот. Ова предупредување стои и при самото вклучување на системот, а од Tesla истакнуваат дека на повеќе места го истакнуваат ова како важна информација.

Од компанијата Thatcham Research, кои работат со тестирање на разни возила и нивни системи за потребите на осигурителните компании, решија да направат конкретен тест на Tesla автомобил со Autopilot системот.

Со тестот тие сакаат да покажат во каква ситуација системот едноставно не успева да изреагира како што би очекувале возачите, па доколку возачот ги има тргнато рацете од воланот и не внимава на патот, скоро сигурно е дека ќе дојде до незгода.

Конкретно, тестот е направен на следниот начин. Пред Tesla автомобилот вози друг автомобил кој во последен момент ја менува лентата за да се тргне поради друг автомобил кој е застанат на истата лента.

Додека Tesla автомобилот вози зад тој автомобил, се е во ред, односно Autopilot системот ја одржува брзината, забавува кога е потребно и слично. Меѓутоа, по тргањето на автомобилот и појавувањето на застанатиот автомобил, Autopilot системот на е во можност веднаш да изреагира и доаѓа со судар.

За потребите на тестот, застанатиот автомобил е сепак направен од материјал на надувување, односно не се работи за вистински автомобил, па не доаѓа до уништување на возилата, како и повреда на возачите.

Во продолжение можете да го погледнете тестот со краток коментар од Thatcham Research компанијата.

ИЗВОРBBC
ИЗВОР 2Jalopnik
Претходна статијаДоналд Трамп официјално го најави формирањето на „Space Force“ како шеста бранша во американската армија
Следна статијаBalCannes: Најдобрата агенција од Регионот ќе оди во Кан
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.